Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

ФАО: Цените на храната се намалуваат и во јануари

11.02.2025 00:29
Сподели

Рим, 7 февруари 2025 (МИА) – Цените на храната се намалуваат и во јануари, значително повеќе отколку на крајот на 2024 година, со значително поевтини растителни масла и шеќер, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на ФАО за потрошувачката кошничка со основни прехранбени производи во јануари во просек изнесувал 124,9 бодови, што е за 1,6 отсто пониско од декември, пресмета ФАО.

На крајот на минатата година цените паднаа за 0,5 отсто на месечно ниво.

Банер

Споредбата со почетокот на 2024 година покажува дека цените на храната на почетокот на новата година пораснале за нешто повеќе од шест отсто.

Во јануари најмногу поевтинил шеќерот за 6,8 отсто во однос на декември, што ги одразува поволните временски услови за одгледување шеќерна трска во Бразил и укинувањето на извозните ограничувања во Индија.

Ad image

Во јануари значително се намалија и цените на растителното масло, за 5,6 отсто во однос на декември, што го одразува поевтинувањето на палминото и маслото од репка. Цените на сончогледовото и маслото од соја се задржаа на нивото од крајот на минатата година.

Споредено со почетокот на минатата година, растителните масла и натаму се значително поскапени, за приближно 25 отсто.

Цените на месото исто така се намалија за 1,7 отсто во однос на декември, имајќи предвид дека ниските цени на овчото, свинското и живината го надминаа поскапувањето на говедското месо.

Цените на житото останаа на нивото од крајот на минатата година, при што пченицата е малку поевтина, а пченката поскапа, делумно поради намалените прогнози за производство и залихи во САД. Обилната понуда, пак, ги намали цените на оризот за 4,7 отсто во однос на декември.

На почетокот на новата година поскапеа само млекото и млечните производи за 2,4 отсто во однос на декември, а цените на сирењето се зголемија за 7,6 отсто.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Nike се подготвува за големи предизвици во 2026 година

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Најбогатите еден процент Американци станаа уште побогати за два трилиони долари

Пијалаците рушат рекорди: +34% раст во домашното производство

Geely поставува амбициозни цели: 6,5 милиони возила до 2030 година!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ ќе ја купи американската компанија „Лок Перформанс“

Бизнис и Економија

Цените на бакарот и металите и натаму растат

Бизнис и Економија

Бензинот во САД достигна најниски цени од 2021 година!

Сечин: Златото ќе го замени доларот како главна валута

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?