Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Герасимовски: Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

Сподели

Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии.

Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:
– улица „Загребска“ кај КТК
– улица „Борка Талевски“ кај „Вучко“
– улица „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало

Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:
– улица „Киро Крстевски Платник“
– улица „Мирче Ацев“ (Пролет)
– улица „Кочо Рацин“ (Зелен пазар)
– улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец

- Advertisement -

„Се соочуваме со вонредна ситуација на дневна база. Преполни контејнери со купишта ѓубре околу нив, поради туѓа негрижа и неработење. Со поставување на овие контејнери, кои нашите служби редовно ќе ги празнат, ќе го намалиме хаосот на јавните површини и ќе обезбедиме правилно одложување на кабастиот отпад и градежниот шут“, порача градоначалникот Герасимовски во видео обраќање.

Наменските контејнери се дел од новата опрема што Општина Центар ја изнајми за собирање смет, откако ЈП „Комунална хигиена“ потфрли во извршувањето на својата обврска, за што граѓаните редовно плаќаат сметки.

Поставените контејнери ќе останат на посочените локации најмалку две недели, а во зависност од потребите ќе бидат преместувани и во други населби.

Оваа мерка е дел од поширокиот план за одржување на чистотата и редот во општината, сè додека надлежната градска институција не ја преземе својата законска обврска.










Извор:www.centar.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

(ФОТО) Малешевијата во бело руво

Од Општина Маврово и Ростуше вчудоневидени и изненадеи за корупцијата во Општината

Крива Паланка овој месец ќе биде епицентарот на културните случувања

Традиција, вкус и музика: од 12 до 14 септември Гевгелија домаќин на 3. Фестивал „Вкуси го југот“

Жена од Берово под истрага поради нелегално оружје

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Субвенција за набавка на инвертери

Локално

Два земјотреса попладнево, почувствувани во Берово, Делчево и околината

Локално

15. Баскерфест карван на радоста и уличната уметност официјално затворен во градот на културата

Локално

Трагичен инцидент во Делчево: Работник почина по пад од висина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?