Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Спорт

Ѓоковиќ за поразот во финалето на Вимблдон: Ова очигледно не е резултатот што го посакував

Сподели

Лондон, 14 јули 2024 (МИА) – Дваесет и четирикратниот гренд слем победник Новак Ѓоковиќ го коментираше поразот од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон во 2024 година.

– Ова очигледно не е резултатот што го посакував. Во првите два сета моето ниво не беше на соодветното ниво. Но, мора да му оддадеме заслуга на Карлос, тој прикажа одлична игра. Се обидов да извршам притисок врз него. Спасив три меч топки за малку да го продолжам натпреварот, но тоа не се случи, изјави Ѓоковиќ по мечот со Алкараз.

Воедно, Србинот истакна дека генерално е задоволен од настапот на Грен слемот во Лондон.

- Advertisement -

– Треба да бидам многу горд. Сега сум малку разочаран, но кога ќе помислам на последните две недели и низ што поминав со мојот тим и семејството, морам да кажам дека сум многу среќен, додаде тој.

Српскиот тенисер настапи на Вимблдон по повреда. На Ролан Гарос го повреди менискусот, поради што мораше да се повлече од четвртфиналниот натпревар на турнирот против Данецот Каспер Руд.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ првпат во кариерата загуби две финалиња на Вимблдон по ред: во 2023 година загуби исто така од Алкараз.

Од Зоран Стерјовски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мемети: Против Работнички треба да бидеме и физички и тактички на високо ниво

Вардар слави триумф во Кавадарци

Двајца дебитанти на списокот на Благоја Милевски за септемвриските натпревари

Хавиер Тебас проговори за наместените натпревари во Ла Лига

Шокантен потег на Слот: Навивачи во бес по исклучувањето на Киеза

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Ѓоковиќ ќе добие музеј во Србија

Барселона одбила 400 милиони евра за младата ѕвезда: Лудост или мудра одлука?

Фудбал

Македонија на пријателски меч со Саудиска Арабија во Прага

Фудбал

Брера со нов пристап ќе ги чува бодовите да останат во Струмица

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?