Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Ѓорче Петров: Нов Центар за лица со попреченост – Сојуз на локална заедница, Светска Банка и во ,,Мојот Свет ”

Сподели

Општина Ѓорче Петров направи нов, значаен чекор во унапредувањето на социјалната заштита и инклузијата на локално ниво. Денес е потпишан договор за грант со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка, како дел од Третиот јавен повик за развој на социјални услуги.

Партнер во реализацијата на проектот е Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ – Скопје, давател на лиценцирана социјална услуга со долгогодишно искуство.

Во рамки на овој проект, ќе се воспостави Центар за дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост, кој ќе овозможи стручна, персонализирана и континуирана поддршка за две целни групи: деца од 1 до 14 години, кои ќе добиваат рана интервенција и стручна поддршка за говорен, моторен и когнитивен развој и млади лица од 14 до 26 години, за кои ќе се реализираат индивидуални и групни програми за развој на социјални и животни вештини, самозастапување, физичка активност, вклучување во заедницата и подготовка за пазарот на труд.

- Advertisement -

Центарот ќе биде сместен во простории во сопственост на општината, кои ќе се адаптираат и опремат со современа опрема – вклучително и пристапен лифт, специјализиран мебел и технолошки помагала за пристапност и комуникација. Услугата ќе ја реализира стручен мултидисциплинарен тим составен од дефектолози, логопеди, психолози и други професионалци, под раководство на здружението.

-Со овој центар не само што создаваме пристап до стручна поддршка, туку градиме општина по мерка на сите – општина на солидарност, човечност и инклузија,- изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Општината ќе обезбеди координација, инфраструктурна поддршка и видливост на активностите. Со воспоставувањето на овој центар, Општина Ѓорче Петров демонстрира силна определба за градба на инклузивно и хумано општество, кое ги препознава и поддржува потребите на сите свои жители, особено најранливите категории. Општината уште еднаш покажува дека е општина која препознава, разбира и дејствува во интерес на сите граѓани. Иницијативноста, заложбата и вредната работа на локалната самоуправа се клучен двигател за создавање подостоинствен живот за лицата со попреченост и нивните семејства.

Извор: Општина Ѓорче Петров

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

3 декември: Изложба на дела од колекцијата на Национална галерија на РМ „Жанр сцени“ во Гевгелија

Аеродром: Нов парк во Горно Лисиче на местото на дива депонија

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Поголем дел од Крива Паланка утре без електрична енергија

Отворен Центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка во Кочани

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Градоначалникот Сарамандов го посети Серменин: почеток на реконструкцијата на старото училиште и изградба на еко вело патека

Локално

Јакимовски до Ристовски: Карпош подготвен да ги покрие сите трошоци за базенот и салата „Партизан“

Локално

Честитка од градоначалникот по повод големите празници: Успение на Пресвета Богородица, Свети Јоаким Осоговски и Денот на рударите

Локално

Комшиска тепачка: Делчевец и каменичанец се степале во казино

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?