Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Граѓаните на ЕУ најчесто иницираат петиции за животната средина, внатрешниот пазар и основните права

11.04.2025 00:10
Сподели

Брисел, 8 април 2025 (МИА) – Комитетот за петиции (ПЕТИ) на Европскиот парламент денеска со 16 гласа „за“, 13 „против“ и четири „воздржани“ го усвои својот Годишен извештај за 2023 година, кој покажува дека таа година до ЕП биле понесени 1.452 граѓански петиции, што претставува зголемување за 16,2 отсто на годишно ниво.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, најголемиот број или 21,5 отсто од сите пристигнати иницијативи од граѓаните на ЕУ за петиции се однесувале на животната средина, а по 13,4 проценти за внатрешниот пазар и за основните права.

Од петициите кои се однесуваат на животна средина, имало иницијативи поврзани со заштита на дивиот свет и шумите, со хемиското загадување на воздухот и подземните води, со социјалните последици од климатските промени врз ранливите групи, со заштита на домашните и бездомните животни, како и со благосостојбата на животните.

Банер Банер BrandEcho

Во делот на внатрешниот пазар, имало иницијативи за петиции за давањето концесии за плажи во Италија, за наводни прекршувања на Директивата на ЕУ за либерализација на услугите и за повторното воведување гранични контроли меѓу некои земји членки во Шенген зоната.

Во однос на основни права, биле покренати петиции за правата на малцинствата, лицата со посебни потреби и на припадниците на ЛГБТИ+ заедницата, за пристапот до соодветно домување и за справување со бездомништвото во ЕУ.

Ad image

Во усвоениот извештај, европратениците повикуваат на подобра соработка меѓу институциите на ЕУ и националните и локалните власти за решавање на грижите на граѓаните, а од Европската комисија бараат да обезбеди ефективно и навремено следење на успешните европски граѓански иницијативи.

Со договорите за ЕУ на европските граѓани им е загарантирано правото да поднесуваат петиции до Европскиот парламент за прашања од негова надлежност.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Клучни преговори во Абу Даби: Украина, Русија и САД се обидуваат да завршат војната

Белгија ќе уништи вакцини против Ковид и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра

Орбан на пат за Москва: Што значи оваа средба за Европа?

Медведев објави карта: „Безбедносна зона“ под руска контрола што ја покрива речиси цела Украина

ЦИА: Осомничените кои планирале напад на концертот на Тејлор Свифт сакале да убијат десетици илјади луѓе

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трагедија во Либан: 103 деца загинаа во израелските напади

Свет

Италијанската премиерка: Трампова стратегија е шанса за Европа

Свет

Нови ракети за нови предизвици: Lockheed тестира надградена Precision Strike Missile

Свет

САД одобрија продажба на воени возила и хеликоптери вредни 5.7 милијарди долари за Израел

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?