Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

И должината, и цврстината на сонот – битни за здравјето

12.09.2024 11:45
Сподели

Скопје, 12 авгyст 2024 (МИА) – Спиењето не е само одмор за телото – тоа е од витално значење за одржување добро здравје и спречување болести. Сепак, многу возрасни со „бурен живот“ и напорен распоред, не го добиваат одморот што им треба.

И, не е важно само колку часови минувате в кревет, туку и квалитетот на спиењето е исто толку важен, ако не и повеќе, отколку должината. Добриот, цврст сон се состои од доволно време во кревет и непрекинати, правилно повторени циклуси на спиење. Овие циклуси му овозможуваат на човековото тело да ги исцели ткивата, синтетизира протеините и ослободи хормони кои го регулираат растот и стресот.

Така, според официјалните препораки во скоро сите земји ширум светот, препораките за спиење се одредени според возраста.

Банер Банер BrandEcho

Доенчињата на возраст до три месеци спијат околу 14 – 17 часа на ден.

На малите бебиња, од 1 – 2 години, им треба приближно 11 – 14 часа дневно сон.

Ad image

Децата на 3 – 5 години им се неопходни 10 – 13 часа.

За постарите деца, на 6 – 13 години, се советуваат спиење до 11 часа.

Тинејџерите од 14 – 17 години обично спијат 8 – 10 часа.

За возрасните од 18 до 64 години, тие бројки изнесуваат 7 – 9 часа сон.

Постарите возрасни (над 65 години) обично имаат потреба од 7 – 8 часа спиење.

Истражувањата, исто така, посочуваат дека на жените често им треба малку повеќе сон од мажите, делумно поради хормоналните промени и разликите во структурата на мозокот, што може да влијае на вкупните потреби за одмор, според д-р Шелби Харис, клинички психолог.

– Во таа смисла, потребите на Вашето тело може да се разликуваат од оние општи препораки. Најдобар начин да го одредите Вашето идеално времетраење на сонот е да набљудувате како се чувствувате и како функционирате по различни количини на одмор, рече Харис.

Фазите на спиење, исто така, можат да играат улога во одредувањето на квалитетот на спиењето. Се говори за различните фази на спиење низ коишто минува телото секоја вечер. А, двата главни типа на спиење се тн. брзо движење на очите (РЕМ) и не-РЕМ спиењето што вклучува три фази: лесен сон, длабок сон и многу длабок сон.

Недоволното времетраење или нарушување во која било фаза може да доведе до нарушена будност, лошо расположение и општ пад на здравјето.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Протеините најдобар избор на закуска во случај на глад ноќе

Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер

Раст на параметарот за физичка неактивност на светско ниво

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Кикирики путер: Здравствените бенефити кои ќе ве изненадат!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Што значи падот на естрогенот по 35. година?

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД

Здравје

Четири намирници што тивко ги затнуваат артериите – ги јадеме речиси секој ден

Здравје

Луѓето со одредени крвни групи полесно се справуваат од маснотиите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?