Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Имаше само 20 години кога храбро загина – 80 години од смртта на Естреја Овадија – Мара

26.08.2024 09:39
Сподели

Антифашистичката борба во Македонија покажа дека македонските мајки раѓале и раѓаат храбри момци и девојки. Една тавка девојка е и Естреја Овадија – Мара – македонска комунистка, учестничка во НОБ и народен херој на Југославија.

Овадија е родена во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.
Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.
При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.
Загинала во борба со бугарските окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

150 години од раѓањето на Војдан Чернодрински

Смртта на Јонко Вапцаров: живот помеѓу идеалот и пресметките

Цензура и репресија: Режимот на Метаксас го забрани македонскиот јазик во Егејска Македонија

Кутлеш пред точно 16 години во Вараждин (ВИДЕО)

Извршил самоубиство, за да не падне во рацете на бугарските фашисти – 81 година од смртта на Тодор Ангеловски

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

22 мај 1947 – Денот кога започна демакедонизацијата на Егејска Македонија

Македониум

На денешен ден 1943 година Бугарија ги депортираше македонските Евреи во концентрационите логори

Македониум

Градот кој беше премодерен – репортажа на ХРТ за Скопје

Македониум

Денот кога се роди темелот на македонската професионална музика

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?