Жител на скопското село Долно Свиларе пријавил сериозен инцидент во кој, според неговото тврдење, бил изложен на закани со огнено оружје среде бел ден.
Како што информираат од полицијата, вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М. (43) пријавил дека околу 11:15 часот, додека управувал патничко возило низ селото, му бил пресечен патот од џип управуван од лицето Р.Н.
По запирањето, возачот излегол од возилото и, според пријавата, му се заканувал со пиштол.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


