Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Интервју со Горан Трајковски: Кисела Вода заслужува да се врати на граѓаните

Сподели

Интервју со Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ и Коалицијата.

  1. Господин Горан Трајковски, што лично Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Кисела Вода?

ГТ: Влегов во оваа битка затоа што верувам дека борбата треба да се води кога е тешко, а не само кога е лесно. Јас не калкулирам. Како петта генерација во оваа општина, ова не е само борба, ова е мисија за нашиот дом. Мојата мотивација не е лукративност ниту личен интерес, туку само едно – Кисела Вода заслужува да биде чиста, пристојна и перспективна општина. Оваа борба е за нашата иднина, за нашиот дом и за такви вредности е навистина „вредно“ да се борите!

  1. Доколку бидете избран, кои се трите главни приоритети што ќе ги реализирате во првата година од мандатот?

ГТ: Моите најсериозни приоритети се следните:

  1. Чиста Кисела Вода и Безкомпромисна Борба Против Загадувачите. Крај на ѓубрето и дивите депонии, радикално подобрување на комуналниот ред.
  2. Инвестиција во Младите – Нашата Иднина! Целосно субвенционирана партиципација за дечињата во градинките во Општината и 70% субвенција на здрав оброк за децата во основните училишта.
  3. Урбанизам со човечко лице и социјална правда! Инфраструктура, канализација, осветлување и асфалтирани улици.
  1. Хигиената и јавните површини се честа критика на жителите. Како ќе го подобрите нивото на комунални услуги?

ГТ: Ќе ставам крај на комуналната и институционална негрижа и ќе започне ера на вистинска грижа. Прв приоритет ми е токму тоа: Крај на ѓубрето и дивите депонии! Радикално го подобруваме комуналниот ред и воведуваме Чиста Кисела Вода.

  1. Мирисот од Охис и загаденоста во околината е често прашање од граѓаните. Имате ли конкретно решение за овој проблем?

ГТ: Ќе се борам против загадувачите без компромис и без повлекување! Како градоначалник, ќе го искористам секој легален и институционален механизам за да воспоставиме контрола, особено врз Цементарница „Усје“. Здравјето на нашите граѓани нема да биде предмет на преговори! Воедно, ќе се фокусирам на решавање на проблемот со линданот во „Охис“, кој е еден од најголемите проблеми во општината.

  1. Младите често се отселуваат или немаат простор за активности. Какви содржини или проекти планирате за нив?

ГТ: Мој втор приоритет е Инвестиција во Младите – Нашата Иднина! Конкретно, планирам целосно субвенционирана партиципација за дечињата во градинките во Општината и 70% субвенција на здрав оброк за децата во основните училишта на општината.

  1. На крај, зошто жителите на Кисела Вода треба да го дадат својот глас токму за вас?

ГТ: Жителите треба да гласаат за мене затоа што можам и знам како да ја направам Кисела Вода подобро место за живеење. Мојата мотивација не е лукративност, туку само едно – Кисела Вода која е чиста, пристојна и перспективна општина. Најважно од сè: Граѓаните не се бројка, тие се СОПСТВЕНИЦИ на оваа општина! Се обврзувам на интегритет, многу работа, грижа за заедницата и на партнерство со граѓаните и социјална правда преку бесплатни услуги и субвенции за ранливите категории и младите.

Наташа Заовска

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Марјан Пеев: Ќе ја вратиме функционалноста на јавните институции и довербата во локалната власт

Интервју

Зоран Петковски: Граѓаните ќе знаат каде оди секој денар

Интервју

На кафе муабет со Сунаи Сабриоски: Новинарството е непрекинат сон – адреналин со кој се прицврстуваат мислите

Интервју

Предновогодишно интервју со Снеже Велков: 2024 ми беше година на промени и лекции

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?