Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Сподели

Празникот Василица претставува длабока вкоренета традиција и важен дел од културниот идентитет на македонскиот народ. По тој повод, разговараме со градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, за значењето на Василица, начинот на нејзиното одбележување во Делчево и пораките што овој празник ги носи за заедништвото и зачувување на традициите.

1. Господине Гоцевски, Василица се смета за празник на нови почетоци, што би посакале да “се роди одново” во Делчево во оваа нова година?

И.Г. Василица навистина ја носи симболиката на нови почетоци и надеж. Во оваа нова година, би посакал во Делчево одново да се „роди“ заедништвото меѓу луѓето, вербата дека можеме и заслужуваме подобро, како и енергијата за развој и напредок. Да се разбуди нов оптимизам, особено кај младите, и заедно да создадеме град во кој ќе има повеќе можности, повеќе насмевки и повеќе причини да се остане и гради иднината тука. Нека новата година ни донесе здравје, мир и нови успеси за Делчево и сите негови граѓани.

2.  Како изгледаше Василица во Ваше време и дали има некоја анегдота што сеуште ја раскажувате со насмевка?

И.Г. Василица во мое време беше многу поедноставна, но затоа и посрдечна. Немаше социјални мрежи, ама имаше маски што се правеа дома, често од тоа што ќе се најдеше по плакарите – па некогаш и самите не знаевме во што сме маскирани. Колку само ќотек имаме изедено од нашите мајки за нивните уништени нов пар хулохопки, уништените штикли и потрошениот кармин, кои ги користевме за наше маскирање. Немаше дете кое немаше некаков инструмент, па макар тоа да биде и празна туба за бензин.

Се шеташе од куќа до куќа, се пееше на цел глас, се извикуваше “СУРОВАА”, а „наградите“ најчесто беа домашни колачи, домашно месо и грав, јаболка и ореви или по некој денар – што тогаш ни изгледаше како вистинско богатство. Многу често поставувано прашање од домаќините кои ги посетувавме беше: “Дечки се ле собирате?!”

Анегдоти има многу, но една што секогаш ја раскажувам со насмевка е кога еден пријател толку добро се маскираше т.с “масакрираше” од собраната и потоа греана ракија, што ниту неговите дома не го препознаа и му ја затворија вратата мислејќи дека е „непознат василичар“. Ете, тогаш научивме дека добра маска и греаната ракија знаат да бидат истовремено и многу интересни но и премногу опасни!

3.  Со каква желба лично Вие влеговте во новата година?

И.Г. Во новата година влегов со тивка, но искрена желба – да имаме повеќе здравје, мир и разбирање едни за други. Посакав секој дом да биде исполнет со топлина, секое дете со насмевка, а секој човек со надеж дека утрешниот ден може да биде подобар.

Лично, посакав сила и мудрост да продолжам да работам чесно и посветено за луѓето, за нашето убаво Делчево, но и да не ги заборавам малите радости што му даваат смисла на животот – семејството, пријателите и моментите поминати со најблиските. Нека оваа година ни донесе повеќе човечност и повеќе срце во сè што правиме.

4. Колку е важно за Вас како градоначалник, да се негуваат василичарските и општо зимските обичаи во Делчево?

И.Г. Ако со нешто е богата нашата традиција и нашето Делчево тоа несомнено се зимските обичаи. Скоро секој ден е празник за нешто. Негувањето на василичарските и зимските обичаи за мене лично има огромно значење, не само како градоначалник, туку и како човек што пораснал со тие традиции. Тие обичаи се нашата врска со корените, со предците и со приказните што нè оформиле како заедница. Преку нив се чува духот на Делчево, на Македонија, се пренесуваат вредности од генерација на генерација и се зајакнува чувството на припадност и заедништво. Кога ги негуваме традициите, ние не гледаме само во минатото, туку градиме и посилна, потопла иднина за нашиот град, државата и за младите што доаѓаат.

5. Како општината може да помогне Василица да стане уште попрепознатлив настан надвор од регионот?

И.Г.  Општината има важна улога во тоа Василица да прерасне во уште попрепознатлив настан надвор од нашиот регион. Тоа може да се постигне со поголема поддршка на василичарските групи, со подобра организација и промоција на настанот, како и со соработка со медиуми, културни институции и туристички организации. Преку современа промоција, но и со зачувување на автентичноста на обичаите, Василица како празник може да стане препознатлив симбол на Делчево. Нашата цел е овој празник да привлече гости, да ја раскаже нашата приказна надалеку и да покаже дека Делчево има богата традиција, топли луѓе и настани што вреди да се доживеат. Многу голема улога во развојот на овој празник и неговата промоција може да има и близината на границата со Бугарија што само по себе овозможува и промоција на празникот и во странство и привлекување на гости од соседна Бугарија.

Нашиот најпрепознатлив бренд секако е “Ѕвегорската сурва”, која има особено место во културниот и духовниот идентитет на општина Делчево. Таа не е само обичај, туку жива традиција што со векови го чува духот на заедништвото, верувањето во доброто и надежта за плодна и успешна година. Преку сурвата се пренесуваат вредности како солидарност, почит кон предците и љубов кон родното место. За Делчево, “Ѕвегорската сурва” претставува препознатлив белег кој ја збогатува културната понуда на општината, привлекува посетители и ја зацврстува врската меѓу селото и градот. Негувајќи ја оваа традиција, ние го чуваме нашето наследство и му даваме живот и значење за идните генерации.

6. Пред малку ја спомнавте Ѕвегорска сурова и таа е традиција која се одржува со години наназад. Има ли некој посебен обичај што мислите дека треба да се заштити или промовира?

И.Г.  Секако дека да. Во рамките на Ѕвегорската сурова има повеќе обичаи што заслужуваат посебна грижа, но сметам дека најважно е да се заштити и промовира автентичниот начин на маскирање и самото учество на мештаните од сите генерации. Рачно изработените маски, звуците на ѕвонците и симболиката што ја носат ликовите се срцето на оваа традиција и не смеат да се изгубат со текот на времето. Целодневниот настан, раскривањето на невестата, долгите дрвени мечови, нацрнетите детски обравчиња! Сето тоа се белези кои му даваат живот на овој важен настан. Исто така, важно е да се пренесе приказната и значењето на обичајот на младите, за тие да не го доживуваат само како настан, туку како дел од својот идентитет. Со соодветна заштита и промоција, “Ѕвегорската сурва” може да остане жива, препознатлива и гордо чувана традиција и во иднина. Познавајки го карактерот и сплотеноста на ѕвегорци, јас сум убеден во тоа.

7.  Ако василичарите дојдат денес во Вашиот дом, што би им посакале?

И.Г. Кај нас во Делчево традиционално василичарите т.с суроваскарите одат вечерта на 13ти Јануари се до раните утрински часови на 14ти Јануари. Ако василичарите денес дојдат во мојот дом, пред сè би им посакал здравје, среќа и бериќет во секој дом во кој ќе влезат. Би им посакал нивната песна и радост да донесат мир, слога и насмевки кај луѓето, а нивниот обичај уште долго да се чува и почитува. Нека им е патот лесен, срцата полни, а новата година плодна и успешна за сите нас. Добредојдени се секогаш, со отворена врата и отворено срце. Најпознатата песна која се пее на денот “Домаќине доби гости ти дојдоа” да ни дава соживот и отворени врати на топлина во секој дом.

8. Ако следната Василица треба да ја дочекаме со една голема и убава вест за Делчево, која би сакале да биде таа?

И.Г. Би сакал следната Василица да ја дочекаме со една голема и убава вест – дека Делчево направило значаен чекор напред, дека е град во кој се отвораат нови можности и во кој младите гледаат иднина. Вест дека започнале или се завршиле важни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните, дека има повеќе работни места, значително подобра поврзаност на градот со остатокот од државата и  значително подобра инфраструктура и повеќе причини за гордост.

Најмногу би сакал да кажеме дека Делчево е град во кој луѓето остануваат, се враќаат да живееме заедно овде и со радост ја градиме својата иднина сите заедно. Таква вест би била вистински празничен подарок за сите нас.

9. Од неодамна сте градоначалник на Делчево, кое е Вашето размислување, дали Делчево има капацитет да стане туристичко место? Го има Голак а и со негување на традицијата и обичаите дали дали може да привлече туристи?

И.Г. Убеден сум дека Делчево има сериозен капацитет да се развие како атрактивно туристичко место. Ние како општина веќе работиме на разработување на платформа(Destination Delcevo) која ќе има за цел единствено и само промоција на се што е поврзано со нашиот град. Познати локации, преубва природа, историски локалитети, верски објекти, угостителски објекти, делчевската слива и мед, Разловечкото Востание, Ѕвегорска сурова, препознатлива храна, еден куп на културни манифестации се одлична основа за развој на туризмот.

Да,го имаме планинскиот бисер Голак, со неговата природна убавина, чистиот воздух и можностите за планински, еко и рекреативен туризам, што е голема предност. Можности за спорт и спортски настани секако дека му даваат и додадена вредност на истиот.

Но, туризмот не е само природа – тоа се и луѓето, приказните и традицијата. Со негување и промоција на нашите обичаи, како Василица, Ѕвегорската сурова и другите локални традиции, Делчево може да понуди автентично доживување кое сè повеќе го бараат туристите денес. Со добра организација, соработка со локалната заедница и паметна промоција, верувам дека Делчево може да стане препознатлива дестинација која ќе привлекува посетители и ќе создава нови можности за развој на градот и регионот. Ние како локална самоуправа ветуваме дека здраво ќе работиме на тоа.

10. Кој е Вашиот василичарски благослов за граѓаните на Делчево?
И.Г. Мојот василичарски благослов за граѓаните на Делчево е да им донесе здравје, среќа и бериќет во секој дом. Нека секој граѓанин го доживее новото почнување со надеж и оптимизам, а заедницата да остане сплотена и силна. Нека радоста и љубовта ја исполнат секоја куќа, а обичаите и традицијата да нè потсетуваат дека сме дел од нешто поголемо – од нашите корени, нашата приказна и нашиот град. Со тој благослов, да започнеме секоја година со насмевка, соединети и со вера во подобро утре.
Н. Заовска

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Предновогодишно интервју со градоначалникот Сашко Митовски – Горд сум на Крива Паланка како уреден, среден и функционален град

Матеска: Младите мора да имаат перспектива дома – мојата мисија е Прилеп да стане град на можности

Маријана Деловска: Децата ќе учат во прва смена, со бесплатен превоз, кифла и јогуртче

Митовски: Ќе продолжиме со истото темпо – конкретни проекти, видливи резултати и силна посветеност

Плетењето е антистрес и се препорачува против стареење – младата Сара од Делчево за нејзиното интересно хоби

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

Интервју

Ни се запалиле крпи, се истурило масло, снемало струја – Водителката на “Брза кујна” искрена во интервју за Македонија Денес

Интервју

Вангел Божиноски: „Го кандидирам Градот Скопје за градоначалник на Скопје“

Интервју

Ацковски: Ќе се борам за Скопје кое ќе биде функционален, чист и почитуван град

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?