Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Марјан Пеев: Ќе ја вратиме функционалноста на јавните институции и довербата во локалната власт

Сподели

Интервју со Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на Општина Богданци од редовите на Коалцијата „Твоја Македонија“ предводена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

1. Господин Пеев, што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Општина Богданци?

МП: Сметам дека се создадени услови со општина Богданци да упавува лице со административно искуство.

Одлично ми е познато функционирањето на локалната самоуправа и нејзините органи од самата основа.

Добро ги познавам и приликите во секторски поврзаните институции од јавниот сектор во нашата општина.

За кандидатурата ме поттикна љубовта кон мојата општина и вербата дека може подобро, ме мотивира неискористениот потенцијал и компаративни предности со кои располагаме и потребата за ефикасно, транспарентно и домаќинско управување со општината.

Не сакам повеќе да гледам потрошени јавни средства без резултат, нефункционални проекти, преселување на населението и капиталот во соседни општини, банкротирани јавни претпријатија, заборавени ранливи категории на граѓани.

Верувам дека со чесна работа, транспарентно работење и заемна почит може да направиме вистинска разлика за нашите сограѓани.

2. Која е Вашата главна визија за Богданци во следните 4 години, доколку бидете избран за градоначалник?

МП: Мојата визија е јасна – да создадеме урбана, современа и инклузивна општина која ќе биде дом со еднакви можности за сите.

Општина Богданци да стане посакувано место за живеење каде секој реализиран проект ќе значи чекор напред за подобар живот, секоја завршена мерка – доказ дека визијата станува реалност.

3. Кои се трите приоритетни проекти што веднаш би ги започнале доколку бидете избран?

МП: Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и за села потребни за развој на општината, мораме да ја забрзаме реконструкцијата на систем за водоснабдување во н.м Богданци со што улиците ќе се вратат во првобитната состојба и ќе бидат поставени 2157 водомери за далечинско отчитување на потрошената вода, мораме да ги реализираме и препораките од ИЗЗИС во објектот на ООУ Петар Мусев Богданци и наставниот процес да се врати во училиштето,

Дополнително ќе работиме на подобрување на локална инфраструктура, градење на професионална и ефикасна администрација, обезбедување на услови за постоечките и влез на нови инвестиции, енергетска ефикасност и искористување на компаративните предности (со акцент на обновливите извори на енергија).

Низа стратешки документи битни за програмирање на развојот на општината ќе бидат изработени.

Во програмата имаме преку 100 проекти кои значат драстично подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци.

4. Имате ли стратегија за привлекување на инвестиции и развој на мали и средни бизниси во Богданци?

МП: Најпрво неопходна е урбанизација со визија ќе донесеме урбанистичка документација според реалните потреби за развој на општината.

Ќе се изработи стратешки документ “Локална стратегија за промоција на инвестиции” со анализа на потенцијалите на општината, општината ќе создаде промотивни материјали на повеќе јазици преку кои ќе се презентираат можностите пред странски и домашни инвеститори. Паралелно ќе се работи на создавање на функционални индустриски зони со подготвена инфраструктура.

Ќе работиме на градење на професионална и ефикасна администрација и поволно деловно опкружување кои ќе овозможат привлекување инвестиции и развој на мали и средни претпријатија.

Нашата цел е општината да работи за граѓаните и за еконосмскиот развој.

5. Планирате ли некои проекти за зачувување на природата и локалната екосфера?

МП: Најважни проекти во функција на заштита на животната средина во следниот четиригодишен период ни се:

Иработка на ЛЕАП (Локалниот еколошки акционен план) стратешки документ кој ја отсликува состојбата во областа на животната средина на локално ниво.

Уредување на гратска депонија (дива) Богданци и разгледување на можност за дислокација.

Уредување на дива депонија во Стојаково.

Зелено Богданци, со засадување на 10.000 нови садници во соработка со Македонски шуми и НВО, ќе организираме редовни акции за засејување на садници –дрвја.

Следење на светски тренд во селектирањето, во соработка со непрофитните. компании за управување на отпадот од пакување поставување на повратна вендинг машина за собирање на пластични шишиња и лименки (со споделување на трошоците за набавка и сервисирање), идеата е да се вклучат граѓаните активно во процесот на селекција на отпадот од пакување и

Заштита на локалниот ендемичен вид на „КОЗИНЕЦ“ (ASTRAGALUSPHYSOCALYX)

6. Што ќе им понудите на младите да останат во Богданци, а не да се иселуваат?

МП: Мојата цел е младите да имаат причина да останат во општина Богданци- можност перспектива и квалитетен живот.

Ќе овозможиме вклучување на младите во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво, ќе работиме на обезбедување на стабилни социо-економски услови и повисок стандард на населението и ќе ја засилиме понудата на културно-уметнички и спортски настани.

7. Планирате ли вложување во образованието и поддршка на ученици и студенти од општината?

МП: Најголем приоритет во област образование ни е исполнувањето на препораките на ИЗИИС и враќање на образовниот процес на основците во функционален објект на ООУ Петар Мусев кој е затворен поради дефектна реконструкција на кров и претовар на кровна констукција поради што основците учат во алтернативен објект.

Планираме континуирано унапредување на основните инфраструктурни и техничко-технолошки капацитети на двете основни и средното училиште во Богданци преку буџетите на училиштата и општинскиот буџет.

Панираме стипендија за најдобрите средношколци и вложување во “Наставник на иднината” т.е инвестиции во континуирана едукација и професионален развој на наставниците преку: обуки, студиски посети во ЕУ и програми за усовршување на нови наставни методологии.

8. Како ќе ја гарантирате транспарентноста на трошењето на општинските пари?

МП: Преку Буџетски форум, јавен процес во кој граѓаните учествуваат во креирањето на општинскиот буџет и секако учествуваат во следењето на реализацијата на истиот.

9. Како ќе постапите доколку граѓаните не се согласуваат со некој Ваш проект или одлука?

МП: Доколку има активно учество на граѓаните во креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво и транспарентни процеси на донесување на буџет и стратешките документи нема да има можност за суштински несогласувања.

Инаку кај изолираните случаи несогласување секако ќе се користат сите механизмите достапни за консултација со граѓаните.

10. За крај, која е Вашата порака за граѓаните на Општина Богданци?

МП: Секоја институција секој јавен простој и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите.

Време е да почнеме да веруваме дека и во помалите општини како Богданци можно е да се реализираат процеси кои ќе овозможат квалитетен живот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Дарко и Жарко Масларковски: Три децении рап, три децении верност кон сцената

Интервју

Воениот аналитичар Дарко Тодоровски за конфликтите на Блискиот Исток – ситуацијата ќе ескалира во блиска иднина

Интервју

Професорот Христов: Ќе ја вратиме енергијата на Кочани преку вистински реформи и функционални проекти

Интервју

Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?