Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Иранскиот претседател повика на нов поредок на Блискиот Исток

25.09.2024 09:29
Сподели

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на нов политички поредок на Блискиот Исток во својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Пезешкијан рече дека присуството на странски сили во регионот „е привремено и води кон нестабилност“, и повика на поголема соработка меѓу соседните земји.

– Нашиот развој и напредок се меѓусебно поврзани, рече Пезешкијан, нагласувајќи дека Техеран „се труди да ја заштити сопствената безбедност, а не да создава несигурност за другите. „Ние сакаме мир за сите и не бараме војна или кавга со никого“, додаде тој.

Банер Банер BrandEcho

Осврнувајќи се на последната ескалација на Блискиот Исток, иранскиот претседател уште еднаш ги осуди постапките на Израел.

– Природно слепиот израелски тероризам во изминатите неколку дена во Либан проследен со масовна агресија со илјадници жртви не може да остане без одговор, рече тој.

Ad image

– Одговорноста за сите последици ќе ја сносат оние влади кои ги спречија сите глобални напори за ставање крај на оваа ужасна катастрофа и имаат смелост да се нарекуваат шампиони за човекови права, рече Пезешкијан.

Иранскиот лидер повика на прекин на огнот во Газа за „да се стави крај на очајното варварство на Израел во Либан пред да го зафати регионот и светот“.

Додека Иран ја поддржува палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа и шиитската милиција Хезболах во Либан, тој главно се воздржува во конфликтот откако Пезешкијан стана претседател на крајот на јули.

Претседателот, исто така, ја сигнализираше подготвеноста на Иран да ги продолжи нуклеарните преговори. За време на неговата изборна кампања, тој ја најави својата намера да бара подобри односи со Западот. Неговите советници и министри се искусни дипломати кои се стремат кон нови нуклеарни преговори, пренесува ДПА.

Пезешкијан, кој се смета за умерен, рече дека планира да го искористи своето обраќање на 79-та сесија на Генералното собрание во Њујорк за да го подобри меѓународниот углед на Иран.

Иран е во голема економска криза откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор во 2018 година и повторно воведоа нови санкции. Разговорите за заживување на договорот се замрзнати со години. Раководството на Иран е се поизолирано поради политиката на Блискиот Исток и поддршката за руската војна против Украина.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Јужна Кореја ќе обезбеди 2,3 милијарди долари помош за Украина

Вучиќ предупредува: Нападот на Иран е повторување на 1999 година во Србија

ОН прогласија „црвен аларм“ поради климатските промени

Црна Гора во жалост: Загина армиски водник при гаснење пожар – интервенција од меѓународни сили

Шокантно убиство во Турција: Маж ја застрелал поранешната сопруга во болница

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Русија и Венецуела потпишаа Договор за стратешко партнерство

25 години од НАТО бомбардирањето на СР Југославија (ВИДЕО)

БалканБизнис и Економија

Косово годинава очекува економски раст од 3,9 отсто

Свет

Казахстан ќе изготви јавен регистар на корумпирани функционери

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?