Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Иранските власти испратија официјален одговор на Трамп на неговото писмо

Сподели

Техеран, 27 март 2025 (МИА) – Иран одговори на писмото испратено од американскиот претседател Доналд Трамп во кое повикува на нуклеарни преговори со Техеран, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесе новинската агенција ИРНА.

„Тој официјален одговор вклучува писмо во кое се наведува нашиот став во однос на моменталната ситуација“, рече Арагчи, додавајќи дека писмото е проследено до Султанатот на Оман, кој служи како посредник меѓу Иран и САД во отсуство на дипломатски односи.

Арагчи неодамна изјави дека неговата земја е отворена за индиректни преговори со САД, по ултиматумот што Трамп го постави за нов нуклеарен договор.

- Advertisement -

Во 2015 година, Иран склучи договор во Виена со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за својата нуклеарна програма. За возврат, текстот предвидуваше намалување на меѓународните санкции кон Техеран.

Меѓутоа, во 2018 година, Трамп, тогаш претседател на САД во првиот мандат (2017-2021), еднострано ја повлече својата земја од договорот и повторно воведе строги санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто, додека 90 отсто се потребни за производство на атомско оружје.

- Advertisement -
Банер

На 7 март, Трамп рече дека испратил писмо до иранските власти во кое предлага преговори за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје, заканувајќи се со воена интервенција.

Арагчи минатата недела рече дека писмото на Трамп е „повеќе закана“, но дека се чини дека содржи и можности, додавајќи дека Техеран наскоро ќе одговори.

Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи по Исламската револуција во 1979 година.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Турција: Нема место за интервенција во Венецуела

Анкета: Скоро една третина Украинци се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да заврши војната

Тројца Украинци осудени за подметање пожара во Полска и Литванија

Најголем дел од јавниот транспорт во Бангкок ќе биде бесплатен една недела поради загадувањето

Децата од САД со слаби резултати уште повеќе во читањето, имаат мало подобрување во математиката на националниот испит

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Иранска гарда уапси осумничени за шпионажа

Свет

САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан

Балкан

Земјотрес со јачина од 3,7 степени ја потресе Србија

Два авиона се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?