Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Извештај на ЕП за Турција: Во сегашните околности невозможно е продолжување на процесот на пристапување во ЕУ

10.04.2025 00:42
Сподели

Брисел, 9 април 2025 (МИА) – Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и политички мотивираното отстранување на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу од функцијата, поради што процесот на пристапување на земјата во Европската Унија мора да остане замрзнат, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за Турција.

Во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) со 48 гласа „за“, 3 „против“ и 23 „воздржани“, европратениците оценуваат дека и покрај геополитичките и стратешките императиви на процесот на пристапување, не може да се занемари непочитувањето на демократските принципи, па затоа во сегашните околности и покрај демократските и проевропските аспирации на голем дел од турското општество, процесот на пристапување на Турција во ЕУ не може да продолжи.

– Турската Влада не ги презема неопходните чекори за надминување на постоечките фундаментални демократски недостатоци, се вели во Извештајот, при што се посочува дека во ЕУ се појавува тенденција да се воспостави „поинаква рамка за односите, што може да биде на сметка на процесот на пристапување“.

Банер Банер BrandEcho

Европратениците изразуваат „длабока загриженост“ поради континуираното влошување на состојбата со почитувањето на демократските стандарди во Турција и поради „немилосрдното задушување на критичките гласови од страна на турските власти“ и го осудуваат постојаното таргетирање на политичките партии и членовите на опозицијата.

Во документот се нагласува и „крајна загриженост“ поради неодамнешното апсење и смена од функцијата на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Ad image

– Ова е политички мотивиран потег, кој има за цел да спречи легитимен аспирант да се кандидира на претстојните избори и кој дополнително ја турка земјата кон целосно авторитарен модел, се вели во Извештајот и се повикуваат турските власти „да стават крај на сегашните сериозни ограничувања на основните слободи, особено на слободите на изразување и на собирање“.

Европратениците посочуваат дека пристапувањето на Турција кон ЕУ зависи од исполнувањето на критериумите за членство, кои бараат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото и човекови права, почитување и заштита на малцинствата, добрососедски односи и усогласеност со меѓународното право и заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

– Тоа се апсолутни критериуми, а не прашања кои се предмет на трансакциски стратешки размислувања или преговори, се наведува во Извештајот.

Европратениците во документот ја признаваат стратешката и геополитичката важност на Турција и нејзиното зголемено влијание во „областите клучни за меѓународната безбедност“, како што се регионот на Црното Море, Украина и Блискиот Исток.

– Турција е стратешки партнер и сојузник на НАТО. Тоа е и земја со која ЕУ има блиски односи во безбедноста, трговијата, економијата и миграцијата. Затоа, важно е да се одржи конструктивен дијалог и да се продлабочи соработката во областите од заемен стратешки интерес, се наведува во Извештајот и се повикуваат турската Влада и институциите и земјите членки на ЕУ „да продолжат да работат, надвор од моментно замрзнатиот процес на пристапување, кон поблиско, подинамично и стратешко партнерство со посебен акцент на климатските активности, енергетската безбедност, соработката против тероризмот и регионалната стабилност“.

Известувачот на ЕП за Турција, шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор истакна дека турските власти постојано ја повторуваат нивната „наводна посветеност“ на членството во ЕУ и нагласуваат колку е важно за Унијата да го заживее пристапниот процес со земјата поради безбедносни и геополитички причини.

– Членството е за демократија и колку повеќе тие се насочуваат кон целосно авторитарен модел,  како што беше со неодамнешното апсењето на Екрем Имамоглу, толку повеќе се оддалечуваат од членството во ЕУ, додаде Санчез Амор.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Земјотрес од 4,3 степени го потресе Крит

Трагедија во Луксембург: Загинаа тројца косовски државјани во сообраќајна несреќа

СРБИЈА: Возач од 65 години со Mercedes “прелета” со 207 км/ч!

Дали БРИКС е новиот пат за Србија и Црна Гора?

Вучиќ: Ние ќе победиме, тие знаат само за насилство и уништување

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Реакција на верските заедници во Албанија во врска со законот за родова еднаквост

Балкан

Ученик силувал ученичка за време на државен натпревар

Балкан

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Балкан

На Санторини прогласена вонредна состојба

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?