Поради одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, во понеделник, 19 јануари 2026 година, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Исклучок од ова правило ќе бидат автобуските линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои наместо неделен, ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Во текот на празничниот ден, од 7:00 до 14:00 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, каде граѓаните ќе можат да купат или дополнат превозни билети.
Од ЈСП информираат и дека Жичницата нема да работи на Водици, потсетувајќи дека согласно редовниот распоред, таа не функционира секој понеделник и секој последен вторник во месецот.
Од јавното претпријатие апелираат патниците навремено да се информираат за измените и да го планираат своето движење согласно празничниот режим на сообраќај.

