Прес конференција по повод културно – уметничките содржини на Кумановско културно лето 2025

Во Занаетчиски дом денеска се одржа средба со претставници на медиумите, посветена на претстојните манифестации во рамки на Кумановско културно лето 2025.

Прес конференцијата ја водеше раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово, Александар Крстевски, во присуство на в.д. директорката на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, Сања Давидовиќ.

Новинарите беа запознаени со содржините на претстојните настани во тек на месец август, кои започнуваат од вечерва,  со тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал (18-20.08.), потоа следуваат Тумба фест и Kenga epike (21.08.), Меѓународен тамбурашки фестивал (22.08), Рома труба фест (23.08) и Тумбсток (24.08).

На прес конференцијата, изјави дадоа претставници од организацијата на настаните, Александра Тасиќ, Драган Јакимовски, Бесим Мифтари и Нино Величковски.

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава