Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“

Сподели

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ од денеска (02.06.2025) стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, едуцираат и ќе алармираат за поголемо внимание во сообраќајот.

„Безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите во стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Многу внимателно и посветено пристапуваме кон активностите и кампањите кои што имаат за цел да ја подигнат јавната свест за тоа колку е важно да се биде одговорен учесник во сообраќајот. И тоа не го правиме само преку донации, туку и преку едукативни работилници и кампањи во кои што се вклучени релевантни партнери од општеството во кое работиме. Едукацијата и превенцијата, се вистинскиот начин за подобрување на сообраќајната култура и намалување на негативната статистика од патиштата во државата“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ е фокусирана на предупредување на јавноста за опасноста од неодговорно однесување во сообраќајот преку реални животни ситуации, со цел да поттикне промена на навиките и однесувањето на учесниците во сообраќајот.

- Advertisement -

„Состојбите на терен укажуваат дека покрај редовните контроли на нашите екипи, потребна е соработка и активно вклучување на повеќе чинители во подигнување на свеста кај луѓето. Праксата покажува дека информирањето и едукацијата се многу важни во превенцијата на поголем број на несреќи. Затоа и сме уверени дека оваа кампања ќе допринесе кон она што е наша заедничка цел – безбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот“, истакна Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Според податоците, најголемиот број на незгоди се случуваат како резултат на невнимание во текот на сообраќајот.
„Брзиот и динамичен начин на живот го зголемува процентот на сообраќајни незгоди, што за нас е дополнителен аларм за интензивирање на активностите во насока на превенција, преку едукација за подигнување на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот. Веруваме дека и оваа кампања преку иновативни и суштински пораки ќе даде придонес учесниците во сообраќајот да бидат совесни и повеќе да внимаваат“, потенцираше Горан Ангеловски, претседател на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ ОКТА ја лансира преку платформата „Јас Внимавам“ која што е еден од столбовите на кои што се базира стратегијата за општествена одговорност. Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика на годишната манифестација организирана од Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. Платформата беше претставена како најефективна и најсеопфатна во однос на прашањата со кои се занимава. ЈАС ВНИМАВАМ беше избрана во конкуренција на 15 големи компании со вкупно 24 проекти.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом беа најдени малолетните лица

Макпрогрес Винчини: 500 вработени и над 35 милиони евра приход

Може ли државата да се тужи поради загадениот воздух? Еве што велат законите

Трагична смрт на турист од Турција во хотел на Бит Пазар

Лажни станови и хотелски резервации: 23-годишна скопјанка уапсена за измами

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Непречен сообраќај на државните патишта, зголемена фреквенција кон граничните премини

Македонија

ОЈО Скопје поведе истрага за загрозување на животната средина со диви депонии на Вардариште, предложен притвор за три лица

Хроника

Сериозна сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Локално

Соопштение за показна вежба по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?