Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом беа најдени малолетните лица

13.07.2024 18:07
Сподели

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) – Основното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 40-годишникот во чиј дом беа пронајдени четирите малолетници во бесознание.

Тој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето и за излагање на опасност на деца.

Надлежниот јавен обвинител, како што информираат од ОЈО, доставил предлог за определување мерка притвор.

Банер

На 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четирите деца на возраст од 15 до 17 години, а тој ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.

Заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.

Ad image

– Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Осомничениот станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.

Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле децата во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба.

Со возило на Итната медицинска помош децата се префрлени на Клиниката за токсикологија, каде е констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев денеска изјави дека четирите малолетници се свесни и во подобра здравствена состојба.

– Сите четворица пациенти се свесни, во подобрена здравствена состојба, со стабилни витални параметри. Немаат посериозни повреди. Продолжува интензивното лечење и надзор на Универзитетската клиника за токсикологија, изјави Чибишев за МИА.

Од Билјана Анастасова-Костиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кражба во „Света Богородица“: Полицијата го фати осомничениот со украдени пари

Каков имот поседуваат Мециновиќ и Ѓорѓиевски?

“Зелкаријада” по четврти пат во делчевското село Тработивиште

Од недела променливо и нестабилно време со пад на температурите

Приведени крадци во напуштена свињарска фарма во кумановското село Речица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

НАТО ќе отвори свое претставништво во Женева, соопшти швајцарската влада

Македонија

Струјата поскапува за граѓаните, но поевтинува за фирмите

Хроника

Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Македонија

Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?