КАДЕ ОТИДЕ ОНА ВРЕМЕ!
Бевме сиромашни.Немавме богати софри. Ама и со леб, кромид, неколку маслинки и сол бевме среќни. Бевме сите на софрата. И тага и радост делевме заедно. Зар денес, кога имаме се, го заборавивме она време. Зар повеќе не сме сите на софрата на која татко на секому му даваше парче леб и половина кромид. Зар го заборавивме тоа време. Да. Сиромашни бевме ама бевме многу, многу посреќни од ова време во кое денес живееме, без деца, со лаги. Да. Да. Сиромашни бевме ама бевме чесни. Каде отиде тоа време,таа чесност и тој заеднички живот. Каде отиде?
