Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Како СССР сакаше да создаде „натчовек“

Сподели

Некои научници апелираа до државата да го поттикне наталитетот само кај најинтелигентните претставници на советското општество. Со текот на времето, нивното исклучително потомство требаше да ги потисне сограѓаните кои „се неспособни за усвојување на современите знаења“.

Болшевиците, по доаѓањето на власт во 1917 година, започнаа радикална реорганизација на руското општество: „Ќе изградиме наш, нов свет; Кој бил ништо, ќе стане сè!“

Во „новиот свет“ требаше да живее „новиот човек“, т.е. сестрана личност, интелектуалец и творец кој е длабоко посветен на комунистичките идеи и свесен дека е мал, но многу важен „шраф“ во џиновската државна машина.

- Advertisement -

Идеалниот советски човек беше создаван преку образование, воспитување и пропаганда. А постоеше и крајно необичен метод за „добивање нов вид на луѓе“, небаре се работеше за добивање нова раса при одгледување коњи или кучиња.

Во првите децении на советската власт до тие идеи се придржуваа поддржувачите на евгениката -учењето за подобрување на човечките наследни особини со помош на селекција.

„Расата на кој било вид животно и растение, вклучувајќи го и човекот, може свесно да се смени со избирање на такви поединци кои ќе ја дадат најпосакуваната комбинација на особини кај потомството“, пишуваше советскиот биолог и генетичар Николај Кољцов.

Евгеничарите ги повикуваа талентираните луѓе кои се истакнале во која било област да бараат сопружници меѓу сличните на себе, бидејќи само таквите родители имаат одлични шанси да добијат исклучително талентирани деца и со самото тоа да придонесат за „еволуцијата на мозокот“ и „збогатувањето на нацијата со благородни гени“.

Таквото организирано наследување на „скапоцените гени“ би можело да му даде на општеството голем број научници, уметници и експерти во различни области, а тие истовремено би поседувале и добро физичко здравје, силна волја и љубов кон животот и работата.

„Многу мајки на утрешнината, ослободени од оковите на религиозните предрасуди, ќе бидат горди што ќе го здружат својот генетски материјал со оној на Ленин или Дарвин и на тој начин на општеството ќе му дадат дете кое ќе ги наследи нивните биолошки квалитети“, пишуваше до Сталин во 1936 година Херман Милер, американски генетичар и дописен член на Академијата на науките на СССР.

Така ќе настане „натчовек“, „Homo creator“, т.е. „човек-творец“ кој, според Кољцов, „ќе стане цар на природата и ќе ја потчини со силата на својот ум и својата волја“.

ЦЕЛОСНАТА СТАТИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА

ИЗВОР: Russia Beyond Македонија / АНО „ТВ-Новости“

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Објект 505 – Тајната што Југославија ја криеше под планината

Новогодишните желби: Што најмногу посакуваат луѓето за 2026?

Како да ги отклучите тајните на среќата: Научно докажани совети што може да ви го променат животот

Совети од лимари за долговечен покрив

Новогодишниот Базар во City Mall најразнолик досега – и бетонот може да биде уметност ако биде инспириран од Сукулента

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Колку повеќе даваш – толку помалку те ценат. Зошто добрината станува казна?

Интересно

Богови од словенската митологија за кои не сте знаеле

Интересно

Гренланд во 17 минути (ВИДЕО)

Интересно

Зошто треба да плаќате во кеш, а не со картичка?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?