Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Како умре Васко Карангелевски?
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Како умре Васко Карангелевски?
Библиотека

Како умре Васко Карангелевски?

18.07.2024
Share
SHARE

Смртта на народниот херој на Југославија, Васко Карангелевски е една од низата сомнителни по онаа на народните херои Чеде Филиповски – Даме и Методија Митевски – Брицо.

Ad image

Карангелевски бил роден во битолското село Брусник на 7 јули 1921 година. Во војната учествувал од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Бил член на СКОЈ од 1941 година и член на КПМ од 1943 година. Заедно со одредот, Васко Карангелевски се движел по планините: Пелистер, Баба, Вич. Набрзо станал командир на чета, а потоа и командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.

Во текот на декември 1943 година, кога Германците подготвувале офанзива против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради во гради. Резултатот од таа борба бил: педесет убиени Германци, четириесет и двајца заробени, осумдесет пушки, десет полуавтоматски пушки, два митралеза, два минофрлачи, десетина илјади куршуми и стотина мини. Со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход. Кога била формирана Третата македонска ударна бригада, Карангелевски бил назначен за командант на баталјон. Со овој баталјон Карангелевски учествувал во многу борби: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други.

Ad image

По војната, Карангелевски е генерал-полковник на ЈНА за скопската област. Умира токму како генерал-полковник, умира во недоволно разјаснети услови на стрелиште во Македонски Брод.

Ad image

За неговата смрт пишува Ламбе Михајловски во своето дело „На генералски должности во скопска армиска област“.

Според Михајловски, Општинското раководство на Македонски Брод повеќе пати го повикувал Васко да ги посети со намера да го запознаат со своите проблеми и да бараат помош од Армијата. Тој проблем се однесувал на изградбата на мостот на реката Треска и на водоводот во градот.

По тој повод бил организиран и дводневен лов на дивеч.

„Првиот ден од ловот, кој траеше два дена, немаа успех, не се појави дивеч, освен една дива свиња на која стрелал Васко и ја ранил, но не така силно за да ја собори. Останаа уште еден ден и се обидоа да ја остварат целта. На местото на несреќата затекната е следната состојба: телото на Васко со две прострелани рани нанесени од непосредна близина. Со пушката е повредена ногата над коленото, а со пиштолот смртно е повредена главата. Тука, покрај пушката и пиштолот е најден чатал и нож со кој истиот е изделкан.

Васко беше тој ден сам на чеката. Десетарот од воената полиција, што го замена со Аѓутантот уште во Скопје, првиот ден беше со него на чеката, но ненадејно се прехлади и многу кашлаше, што би му пречело на чеката па затоа го оставил во градот со колата и возачот. Можел да го земе со себе возачот кој беше секогаш вооружен, но тој веројатно ценеше дека не му е неопходен.

ПРетпоставката на истражните органи беше дека до случајот веројатно дошло на овој наможен начин. Откако се распоредија по предвидени чеки и почнаа да се подготвуваат за стрелање, Васко, од неутврдени причини, можеби насетил приближување на дивечот, ја наполнил пушката, но не го испукал куршумот, ниту ја закочил, туку ја обесил со цевката надолу на гранката што претходно ја скршил од блиското стебло. Потоа пресекол друго стебло од која си направил чатал за наслон на пушката при испукувањето. Откако го направил чаталот ја фаќа пушката со намера да го испроба. Пушката закачена со цкрапалецот за гранка од стеблото, испукала во неговата нога. Ударот бил страотен зашто беше во прашање куршум со голем калибар за дивеч, а ударот е нанесен на коската од што таа го разнесе мекото ткиво на бутот. Поблизу поставените ловџии го чуја офкањето заедно со пукотот и пристапија кон чеката на Васко и кога пристигнаа чуја уште еден пукот. Со него Васко истрелал во себе од пиштолот што го носеше секогаш во својата опрема.

Тоа е оцената за смрта на Васко која е дадена на органите на секретаријатот за внатрешни работи на Република Македонија и од командата на Скопската армиска област.

За случајот бев известен од органот на секретаријатот за внатрешни работи околу 10 часот дента, со навод декка имало несреќен случај во текот на ловот, во кој е повреден генералот Васко. За 20-30 минути потоа, од истиот извор бевме известени дека Васко загинал. За случајот да биде по трагичен, за целото време додека примав информации и се обидував да организирам прелет со хелихоптер до местото на несреќниот случај, покрај некои од соработниците, во мојата канцеларија беше и сопругата на генералот Васко, Јованка, која заедно со нас го следеше настанот.

Таа дојде случајно во мојата кнацеларија, а повод беше информирањето за некоја зделка на органите на командата со работната организација во која таа работеше. Заедно со нас и со своите колеги, таа го следеше информирањето за несреќата“.

Извадок од „На генералски должности во скопска армиска област“, Ламбе Михајловски, Матица Македонска, Скопје 1995

You Might Also Like

Синови и наемници

Бисера – Константин Миладинов

Рибата е црвена

Револуција и антиреволуција

„Ѕвона“ – Матеја Матевски

TAGGED:Карангелевски
Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?