Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Библиотека

Смртни казни за убијците

19.11.2025 00:08
Сподели

За убиството на Тодор Хаџи Тефов, во документацијата на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи стои изјавата на контрачетникот Божин Ризов од Кавадарци:

„Во 1943 година, во август, тргнавме во потера против партизаните. Кај местото Гравалиница фативме заседа и видовме двајца партизани (тоа беа Петре Туриманцовски и Тодор Хаџи Тефов — з.н.). Почнавме да пукаме. Тие почнаа да бегаат и ние потрчавме пукајќи по нив. Едниот (Тодор Хаџи Тефов — з.н.) падна мртов, а Перо го фативме и му го зедовме револверот, бомбата и рачниот часовник, и го предадовме на полицијата. Јас му газев по главата на Тошо и на кинисување му фрлив на главата од Тошо со ловечка пушка едно чифте. Во полицијата за Перо ни дадоа по 6.000 лева секому, а бевме седум души…“

Постои и друга верзија за убиството на Тодор Хаџи Тефов. Според неа, откако контрачетата од Кавадарци дознала дека на Гравалиница, кај кавадаречките гробишта, се кријат двајца партизани, веднаш тргнала во потера. Кога Тодор почнал да бега, Трифун Јовановски пукал по него, го ранил во ногата и Тодор паднал. Ристо Панаров му се приближил, пукал со чифтето во лицето на ранетиот партизан и го убил. Тогаш дошол Божин Ризов и уште еднаш пукал во веќе мртвиот борец, велејќи:

Банер Банер BrandEcho

„Ти ли ќе ја ослободуваш земјава, да ти ја е… мајката!“

Непосредно пред ослободувањето на Скопје, Трифун Јовановски во хотелот „Македонија“ на некој непознат скопјанец му го продал револверот и бомбата земени од Перо Туриманцовски за 3.000 лева.

Ad image

Токму поради ваквиот однос спрема сè што е напредно и поврзано со Народноослободителното движење, веднаш по ослободувањето одлуките на судиите беа бескомпромисни.

Воениот суд на Штипската област, во состав: Гојчо Стефковски, мајорот Кирил Михајловски — Груица и Доне Чавдаров, на 9 и 10 февруари 1945 година ги осуди на најстрога казна Горѓи Зафиров — Хаџи Митров („Гевгелиски“) од Гевгелија, Георги Христов Чалков од Гевгелија, Владо Маџаров од село Стојаково и Илија Југов од Гевгелија. Хаџи Митров, Чалков и Маџаров беа осудени на смрт со бесење, а Југов на смрт со стрелање.

На 29 април 1945 година, Советот при Командата на велешкото подрачје, во состав: Горѓи Темелковски (претседател), Борис Таневски и Стеван Малиновски (членови), ги осуди контрачетниците од контрачетата на Атанас Калчев — Горѓи Димитров, Нако Георгиев, Блажо Бојовски, Јанко Шопов, Ристо Данаилов, Панчо Ставрев, Трипун Лазов, Божин Ризов, Милан Атанасов и Георги Иванов — на смрт со стрелање.

Вишиот воен суд при Генералштабот на Југословенската армија на 25 јуни 1945 година овие смртни пресуди ги намали на временски казни од 10 до 20 години затвор.

Извадок од „Судењата како последен пораз“ од Јован Павловски, Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“ – Тетово, 1966 година.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Писателот што од еден мост направи бесмртна книга: приказната за Иво Андриќ

Бисера – Константин Миладинов

Перушка Ефтимова Грујовска – жената од Лазарополе што ја отвори куќата за слободата

Тиквешко негде, в некое село…

Крстана – жената што месеше леб за слободата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Библиотека

Вистинскиот човек

Библиотека

Трезвеноста е едно, а тагата друго

Библиотека

Револуција и антиреволуција

Библиотека

Махмуд Дарвиш – поетот кој ја претвори татковината во стих

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?