Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Катерина Цаневска Арсовска: Скопје мора да биде град на ред, солидарност и развој

Сподели

Интервју со Катерина Цаневска Арсовска, носителка на советничка листа за Град Скопје од редовите на СДСМ и Коалицијата.

 1. Како ја доживувате честа, но и одговорноста да бидете носител на листата за СДСМ во Скопје?

КЦА: Скопје е пред клучни избори кои ќе одредат дали градот ќе продолжи да тоне во хаос или ќе добие нова шанса за развој. Скопје заслужува да биде чисто, безбедно, да биде дом за сите, дом си кој ќе се гордееме.

Да бидам носител на листата е голема чест но уште поголема обврска. Скопје е во криза и хаос предизвикани од неспособност, игноранција, корупцијата, партиски инаети и работа за сопствени интереси, а не за скопјани.Ова го закочи развојот на градот.Јас сум скопјанка со генерации и затоа ќе работам да ја вратиме надежта дека нашето Скопје е град на солидарноста, на можности, Скопје со посветена и чесна работа ќе биде современ европски град.

Јасно кажувам, и сите што ме познаваат знаат дека сум борец, за Советот не се кандидирам за фотелја, туку за битка против хаосот во Скопје.

2. Кои се трите клучни приоритети што ќе ги застапувате како советничка во Град Скопје?

КЦА: Моите приоритети се јасни:

-Скопје-чист и зелен град со системски а не паушални решенија за загадувачите и дивите депонии.Нема да дозволиме катастрофи како Вардариште, Дрисла и Трубарево. Знаеме како, а решенијата ќе бидат според европски стандарди и во договор со граѓаните.Јавен превоз што функционира, имплементација на БРТ системот, кој 4 години го кочат, повеќе еколошки автобуси, пешачки мрежи и вело патеки.

– Ставање крај на урбаната мафија и бетонизацијата, квалитет на живеење во скопските маала.

-Транспарентност и отчетност бидејќи граѓаните имаат право да знаат како и каде се трошат нивните пари и стручна, а не партиски послушна администрација која ќе одговара пред граѓаните.Институциите мора да им служат на граѓаните, а не на партиските спонзори.

3. Како планирате да ги решите проблемите со јавниот превоз, посебно по колапсот на ЈСП?

КЦА: ЈСП е во криза поради политичкиот инает, партизација и корупција. Решението е стабилизација на финансиите, професионален менаџмент и инвестиции во еколошки автобуси. Без тоа, градот останува парализиран.ЈСП пропадна затоа што беше партиска филијала, а не сервис за граѓаните.

Ме радува што и ВМРО-ДПМНЕ по 4 години признаваат дека проектот Брз транзитен систем (БРТ) е добро решение. Прва фаза е линијата Ѓорче Петров – Ново Лисиче (Аеродром), а втората фаза од БРТ-системот е линија од Кисела Вода до Чаир, како столб на јавниот превоз на Скопје.

4. Што предлага вашата програма во врска со загадувањето и урбаното планирање во Скопје?

КЦА: Ќе воведеме ред во урбанизмот, крај на градењето по партиски и олигархиски диктат и вистинска контрола на загадувачите. Скопје мора да дише – со нови паркови и зелени коридори.Ќе ставиме крај на урбаната мафија и бетонизацијата на Скопје.Ќе се консултираме за сите решенија со експерти од сите области.

Скопје е меѓу градовите во Европа со најзагаден воздух. Оваа здравствена и еколошка криза бара итни и решителни дејства и нивното решавање.Голем проблем е греењето.Затоа предвидуваме задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, а како посебна мерка се предвидува субвенционирање на социјално ранливи категории за замена на нееколошките системи за затоплување со почисти алтернативи, како што се клима-уреди, уреди на пелети или приклучување на централно греење.

За 15 месеци ќе изградиме 15 паркови, таму каде што е најалармантно и каде ќе бараат граѓаните и ќе засадиме 10.000 нови дрвја а меѓу нив и овошни садници.

5. Постои ли нешто што ќе барате да се ревидира од претходниот мандат на актуелната градоначалничка?

КЦА: Ќе ревидираме сѐ што било незаконито и штетно – од урбанистичките дозволи до уништувањето на јавните претпријатија, кој  и како ги носел одлуките. Овој мандат е пример како не треба да изгледа едно владеење.Овој мандат ќе остане запаметен како време на хаос и игноранција, мандат во кој се работеше на штета на граѓаните. Ќе бараме одговорност зошто цели четири години нетранспаренсто, без отчетност систематски го уништуваа Скопје.

6. Што лично Ве мотивираше да се ангажирате политички и што сакате да постигнете?

КЦА: Ме мотивира неправдата и нефункционалноста што секојдневно ја гледам и во која живееме.Сакам да покажам дека политиката може да биде чесна и корисна, а не личен бизнис.

Знаење  и искуство имам и во работата како новинар кој бил редовен критичар на неправдите и неработењето., но и во петте години искуство во општина Центар. Моето искуство добивам шанса да биде во служба на скопјани.

7. Каква е вашата визија за Скопје во следните 4 години?

КЦА: Скопје ќе го вратиме на вистинскиот колосек, град зелен, чист, со јавен превоз кој функционира, безбедни улици и институции кои работат за граѓаните. Тоа е визијата за која вреди да се бориме.

Скопје нема да биде град на споменици од бетон, на диви депонии, смрдеа и смет, ќе биде град на светлина, модерна културна сцена, што не го напушташ, туку во кој со гордост живееш.

8. Која е вашата порака до граѓаните на Скопје пред изборите?

КЦА: Изборите се избор помеѓу ред и хаос. Доста беше експерименти со судбината на Скопје – време е за одговорност, решенија и визија.Скопје не е само град Скопје е нашиот дом.

Пишува: Наташа Заовска

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Крсте Петревски: Мојата визија е зелена, модерна и хумана Општина Кисела Вода

Интервју

Од лекциите на старата до очекувањата во новата година – празнично интервју со генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Интервју

Кога љубовта кон фолклорот станува животна определба: Младиот Кристијан од Делчево е вистински чувар на традицијата

Интервју

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?