Ако се продолжат актуелните трендови, кинеските електрични возила би можеле да сочинуваат една третина од глобалниот пазар до 2030 година. Аналитичарите од швајцарската банка UBS истакнуваат дека, додека домашниот пазар на автомобили во Кина продолжува да расте, проширувањето на странските пазари станува сè поважно за кинеските автомобилски компании. Според најновите проценки, странските пазари моментално сочинуваат околу 20% од продажбата на кинеските производители на автомобили, а во некои случаи, странската добивка може да достигне дури 50% од вкупната продажба.
Пол Гонг, главен аналитичар за електрични возила во UBS China, изјави: “Успорувањето на прифаќањето на електричните возила во Европа, како и царините на кинеските електрични возила, се главни пречки.” South China Morning Post објави дека кинеските инвестиции во електрични возила, вертикалната интеграција и агресивниот развој на синџирот на снабдување почнуваат да даваат резултати, давајќи им на кинеските брендови не само предност во трошоците, туку и побрзо ширење и промени на пазарот.
UBS предвидува дека порастот на кинеските брендови значително ќе го ослаби пазарниот удел на постоечките глобални лидери во индустријата.

