Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Кос: Проширувањето на ЕУ треба да е темелено на заслуги, а не на временска рамка

Сподели

Давос, 22 јануари 2025 (МИА) – Проширувањето на Европската унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка, рече Марта Кос, еврокомесар за проширување, во дискусијата „Прошири за напредување: Дали Европа ќе расте? на Светскиот економски форум во Давос.

-Понекогаш слушам: земјите од Западен Балкан чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. Прашање е на нивната политичка волја и колку се способни да исполнат, посочи Кос.

Според неа, Европската унија внимателно следи што се случува во земјите кандидати за членство и тие се генерално обврзани да исполнат одредени услови по принципот „земи или остави“.

- Advertisement -

-Жал ми е што го кажувам тоа толку отворено, рече Кос, додавајќи дека сега не постои можност да се преговара за фундаментална вредност што е важна за ЕУ.

Таа ја истакна важноста на владеењето на правото за земјите кои сакаат да влезат во Европската унија.

-Има некои земји во Европската унија кои не го почитуваат владеењето на правото и кај многу членки видовме страв дека тоа може да и наштети на ЕУ во смисла дека не смееме да пуштиме ниту една земја која не е 100 проценти подготвена за влез во Унијата, не само од аспект на економијата, додаде Кос.

Како што наведе таа, економската и геополитичката ситуација во светот е променета откако Хрватска влезе во Европската унија во 2013 година, како последна земја што го направи тоа, а сега многу поголем акцент се става на вредностите и владеењето на правото, што е рефлектирана во новата методологија за кандидати од 2020 година.

Не само што кандидатите мора да бидат подготвени за Европската унија, туку и ЕУ мора да биде подготвена за нив, што е огромна промена од времето кога Словенија влезе во Европската унија во 2004 година.

-Со оваа рунда од процесот на проширување или пристапување некако се враќаме на основите, на корените – затоа е основана Европската Унија, а основните принципи се мирот, слободата и просперитетот, како и безбедноста, што е многу важно денес, изјави Кос.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бајден и Нетанјаху телефонски разговараа за примирјето во Газа и договорот за заложниците

Израел вети одговор на иранскиот напад

Курти: Косово потпиша договор со турска компанија за изградба на фабрика за муниција

Шангајската организација за соработка се противи на новите санкции за Иран

Slovnaft и Janaf во жесток конфликт за испорака на нафта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп стави крај на историската блокада на американската влада

Свет

Иран уапси два организатори на протести поврзани со Мосад

Вашингтон пост: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас

Балкан

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?