Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Бајден и Нетанјаху телефонски разговараа за примирјето во Газа и договорот за заложниците

22.08.2024 08:11
ФОТО: netanyahu.org.il
Сподели

Вашингтон, 22 август 2024 (МИА) – Претседателот на САД Џо Бајден разговараше телефонски со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за начините за постигнување напредок во врска со потенцијално примирје во Газа и договорот за заложниците, соопшти Белата куќа.

Разговорот следеше по патувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Блискиот Исток, кое заврши во вторникот без постигнување договор меѓу Израел и групата Хамас за примирје во палестинската енклава. Блинкен и посредниците од Египет и Катар се надеваа дека со американско посредување ќе се намалат разликите меѓу двете страни во 10-месечната војна во Газа.

„Претседателот Бајден разговараше со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за да го разгледаат договорот за примирје и ослободување на заложниците, како и дипломатските напори за намалување на регионалните тензии“, се наведува во изјавата на Белата куќа.

Банер Банер BrandEcho

На разговорот се приклучи и потпретседателката Камала Харис, која утре официјално ќе ја прифати номинацијата на Демократската партија за кандидат-претседател на изборите на 5 ноември.

Бајден се наоѓа на семеен одмор во долината Санта Инез во Калифорнија.

Во преговорите за запирање на судирите во 10-месечната војна, Хамас бара целосно повлекување на Израел од Газа, вклучително и од т.н. Филаделфиски коридор — тесен 14,5-километарски дел на јужната граница на крајбрежната енклава со Египет.

Израел сака да ја задржи контролата врз коридорот, кој го зазеде кон крајот на мај, откако уништи десетици тунели под него, за кои тврди дека биле користени за шверцување оружје за вооружените групи во Газа.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Франција стави вето на напредокот на Црна Гора во преговорите со ЕУ

„Германвоч“: Во светот за 29 години од екстремни временски услови починале 765.000 луѓе

Протести во повеќе американски градови поради вербалниот судир во Белата куќа

Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини

Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни од три до пет и пол години

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Мјанмар помилува над 4,000 затвореници, вклучувајќи го и соборениот претседател

Американскиот амбасадор во Унгарија ги критикуваше властите во Будимпешта, Орбан му одговори

Свет

Трилионска војна: Иранскиот министер за надворешни работи предупредува на економската катастрофа на САД

Свет

ЈАПОНИЈА НА ПРАГОТ НА НУКЛЕАРНА РЕВОЛУЦИЈА Повторно отворање на најголемата нуклеарна централа во светот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?