Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Ковачки: Заедништвото е клучот за напредок и подобар живот во Виница

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk
Сподели

Локалната власт игра клучна улога во секојдневниот живот на граѓаните, бидејќи е првиот и најблискиот контакт со институциите. Сепак, како што истакна Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на митингот во Виница, за значајни промени е потребна силна поддршка од Владата. „Убеден сум дека сите сме свесни дека лично премиерот стои зад општинските проекти, зад вашите идеи, зад секој чекор што го правиме и ќе го правиме за подобар живот овде, во нашата Виница“, рече Ковачки.

Тој потсети на времето кога претходната влада на ДУИ и СДС беше блокатор на развојот на општините. „Со оваа Влада насекаде гледаме вистински промени – реконструирани улици, подобрена инфраструктура, поддршка за образованието и спортот, вложувања во младите и во стопанството. Ова не се само ветувања – ова се дела што веќе се гледаат и што секојдневно ќе стануваат сè повеќе“, додаде Ковачки.

Според него, само со „заедничка работа на градоначалникот, советниците и Владата – можеме да донесеме вистински промени, да реализираме проекти и да изградиме иднина со која сите ќе се гордееме“. Ковачки нагласи дека „нашата сила е во заедништвото“. Кога локалната власт и Владата работат заедно, кога премиерот е со нас, тогаш нема пречка што не може да се надмине.

- Advertisement -

„Со гласањето за 9 ја давате довербата на нашата локална власт, а таа доверба ќе ја донесе и Владата поблиску до вас. Довербата во градоначалникот и во советничката листа со број 9 е доверба и обврска тие да работат со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа заедништво ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите, поголема поддршка за семејствата и за стопанството. Тоа заедништво ќе ја донесе иднината што ја заслужувате“, заклучи Ковачки.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во сударот на автобус на ЈСП со два автомобила кај Блаце загина 17-годишно момче

Општина Карпош – Од визионер до лидер во енергетска ефикасност

Зголемени продажните цени на производителите

Општина Ѓорче Петров воведува услуга за поддршка на изнемоштени и болни лица

20 август: Монодрама „Прво лице еднина“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Татко во очај – прелажан и измамен со приказна дека синот ќе биде ослободен од притвор!

Хроника

43-годишен маж го убил братот со тесла на неговиот роденден

Локално

Општина Карпош: Училиштето „IPS“ есенски прваци во кошарка

Македонија

Катерина Цаневска предводник на советничката листа на СДСМ за Скопје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?