Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Хроника

43-годишен маж го убил братот со тесла на неговиот роденден

28.10.2025 13:41
Сподели

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 43-годишен маж од Кавадарци, осомничен за убиство на својот помлад брат, злосторство што се случи кон крајот на јули во семејниот дом. Обвинетиот, кој се наоѓа во притвор, го признал делото веднаш по откривањето на телото, кое било пронајдено во шупа во дворот на куќата.

Според обвинението, трагедијата се случила на роденденот на жртвата, кога меѓу браќата избила жестока расправија поради имотни несогласувања. Обвинетиот верувал дека брат му сака да го преземе целиот имот, по што — поттикнат од гнев и омраза — со тесла му нанел смртоносни удари по главата. Прво го погодил со тапиот метален дел, а потоа, кога жртвата паднала, уште двапати го удрил, предизвикувајќи моментална смрт.

Потоа, како што наведува Обвинителството, убиецот си заминал, но следниот ден се вратил и телото го преместил во бањата, обидувајќи се да ги избрише трагите од злосторството. Во следните денови повеќепати се враќал, чистел крв, преместувал предмети и на крајот телото го закопал во шупата, покривајќи го со ровка земја, шперплоча и стари предмети.

Банер Банер BrandEcho

Телото било откриено по пријава на нивната сестра, која забележала сомнителна дупка во шупата. На 5 август, таа прво го пријавила исчезнувањето на брат ѝ И.И., а неколку часа подоцна и сомнежот дека тој можеби е закопан во дворот. По интервенција на полицијата, на местото излегле јавен обвинител, форензичари и погребална служба, кои го пронашле телото.

Истрагата утврдила дека во периодот по убиството, обвинетиот повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата, што дополнително ја потврдило користољубивата позадина на злосторството.

Јавниот обвинител со обвинението побара и продолжување на мерката притвор за обвинетиот, наведувајќи дека се работи за особено тешко и свирепо убиство, извршено со ладнокрвна пресметка и обид за прикривање на трагите.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Без договор, без дозвола, безбедност нула – работник го загубил животот!

Тешко повреден 20-годишен скопјанец, изгубил контрола над возило и удрил во столб

Трагедија во Италија: Македонец загина во страшна сообраќајка

Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување стари лица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Инцидент во трговски центар во Скопје: две жени се степале, па меѓусебно се пријавиле

Хроника

Скопјанки пријавени за физички напад врз малолетниот син на една од нив

Хроника

Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

Хроника

Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба, лишен од слобода жител на неготинско село

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?