Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција

29.05.2025 16:48
Сподели

Анкара, 27 мај 2025 (МИА) – Изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека именувал тим правни експерти кои ќе го подготвуваат новиот устав, критичарите го оценија како потег што ќе му овозможи да остане на власт и по истекот на мандатот во 2028 година.

Ердоган уште од март 2003 година се залага за нов устав, тврдејќи дека постоечкиот, донесен по воениот удар во 1980 година, е застарен.

Вчера назначив 10 правни експерти да започнат со работа, со тоа ќе продолжиме со подготовките за новиот устав. За 23 години повеќе пати ја демонстриравме нашата искрена намера да ја крунисаме нашата демократија со нов граѓански и слободарски устав, наведе Ердоган.

Банер Банер BrandEcho

Согласно турскиот Устав, Ердоган не може повторно да се кандидира за претседател освен ако не се распишат предвремени избори или не се промени законската рамка. Поддршката на Ердоган за нов устав критичарите ја сметаат за можен пат за негов реизбор, преку промена на одредбата за ограничување на бројот на мандати.

– Не сакам нов устав за себе, туку за нашата земја, изјави Ердоган минатата недела.

Ad image

Владејачката Партија на правдата и развојот и нејзините националистички сојузници немаат доволно гласови за да донесат нов устав. Некои аналитичари веруваат дека неодамнешните напори на владата да го прекине деценискиот конфликт со милитантната Курдска работничка партија се дел од стратегијата за добивање поддршка од прокурдската Народна демократска партија во Парламентот.

Ердоган се залага за нов устав во време кога неговиот главен ривал, популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е во затвор поради обвиненија за корупција и поддршка на терористичка организација. Приведувањето на Имамоглу на 19 март предизвика масовни протести ширум Турција, најголеми во изминатите 10 години.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Борел: Израелската влада да се огради од изјавата на Смотрич за блокирање на помошта за Газа

Лавров од утре во дводневна посета на Кина

Грузија на раскрсница: ЕУ остро реагира на локалните избори

Шекеринска од Дубровник: Безбедноста на Украина е инвестиција во нашата иднина

Вучиќ: Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

50 милијарди долари за Гренланд? Нови шпекулации околу плановите на Трамп

Свет

Европол: Расте бројот на малолетници меѓу сторителите на кибер криминал

Свет

Русија и Индонезија ја зајакнуваат поморска соработка

Рекордна туристичка сезона, Албанија за девет месеци ја посетиле над 9,6 милиони туристи

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?