Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Крстовден во Рајчица – победата на Љубовта

ФОТО: bigorski.org.mk
Сподели

Со каква небесна радост се исполни денес светата Рајчичка обител! Крстовденската светлина ги облеа верните што во огромен број се собраа да се поклонат пред Чесниот и Животворен Крст, тоа оружје на победата и знаме на спасението. Во топлината на љубовта под Крстот и во благоуханието на молитвите, манастирот одекнуваше од славословијата на многубројни богољубиви срца.

По великото славословие на утрената богослужба, среде храмот победоносно беше издигнат Чесниот Крст, облеан со светлина и со молитвен трепет. Со умиление и благоговение, верните пристапуваа кон светото знамение на нашата победа, преклонувајќи колена и исповедајќи ја својата вера во распнатиот и воскреснат Господ. И додека траеше чинот на поклонение на Крстот, нашиот сакан старец, епископот Антаниски г. Партениј, со татковска љубов им делеше на сите украсени гранчиња од босилек – симбол на новиот живот и благодатта што изобилно извира од Крстот Христов.

Потоа, празничното славје беше крунисано со Божествена Евхаристија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, заедно со браќата свештенослужители и со дебарскиот свештеник о. Миле Ангелоски, и на којашто многубројни христокопнежливи души се соединија со Спасителот Христа. По светата Литургија, во манастирскиот двор пред храмот, Старецот го изврши чинот на водосветот, и ги ороси присутните со светата вода, за благослов и заштита за сите што со вера и надеж го прегрнуваат Крстот Господов. А како сведоштво на љубовта и одговорноста кон Рајчичкиот манастир, кум за следната година се пријави благочестивиот г. Владимир Стаиќ, предавајќи ја својата заложба во рацете на распнатата и воскресната Љубов.

- Advertisement -

Во својата празнична беседа, пак, Светиот Антаниски ги упати верните да ја живеат силата на Крстот како најсилен повик кон љубовта и жртвата, повикувајќи нè храбро да го носиме својот крст, да Го следиме Христа со полно срце и да бидеме исполнети со светината Негова.

ИЗВОР: bigorski.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Соопштение од Бигорски за Богојавление

Царкањас „Црквата по мојата смрт ќе ја дадам на МПЦ“

Зошто се слави Василица – традиции и обичаи

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Папата повикува на интегритет во новинарството: Не дозволувајте да ве манипулираат заради кликови

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

По повод Голема Богородица сеноќно бдение, со Света архијерејска литургија во Бигорски

Религија

Господ нè повикува: „Излези од гробот на рамнодушноста“

Религија

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил – заштитникот, војводата на небесните сили и еден од најчестите семејни празници

Религија

Папата Лав XIV: Хуманост пред имиграцијата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?