Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Куба ослободи 553 затвореници со посредство на Ватикан
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Куба ослободи 553 затвореници со посредство на Ватикан
Свет

Куба ослободи 553 затвореници со посредство на Ватикан

13.03.2025
Share
SHARE

Хавана, 11 март 2025 (МИА) – Врховниот суд на Куба соопшти дека 553 затвореници биле ослободени во земјата како дел од договорот постигнат со посредство на Ватикан, кој беше загрозен откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли ветувањето на неговиот претходник Џо Бајден за олеснување на санкциите кон островската држава.

Бајден во јануари се согласи да ја отстрани Куба од листата државни спонзори на тероризмот во замена за ослободување затвореници со посредство на Римокатоличката црква.

По преземањето на функцијата, Трамп го анулира договорот на Бајден, оставајќи ја Куба на црната листа и воведе нови санкции кон земјата, што ги принуди кубанските власти привремено да го запрат ослободувањето на затвореници.

Сепак, кубанските државни медиуми објавија дека правосудните органи на островот го потврдиле „предвременото ослободување“ на 553 затвореници.

„Врховниот народен суд на Куба потврди дека овие 553 затвореници сега се ослободени и дека процесот е завршен“, се вели во соопштението.

Според групи за човекови права, некои од ослободените најверојатно е дека се криминалци.

Администрацијата на Бајден првично рече дека Куба ќе ги ослободи „политичките затвореници“ како дел од поширок договор.

Сепак, кубанските власти не соопштуваат детали, што укажува дека постепено ќе ослободуваат „553 лица осудени за разни кривични дела“.

СAД, ЕУ, Римокатоличката црква и организациите за човекови права долго време ја повикаа Куба да ги ослободи стотиците демонстранти приведени по антивладините протести на 11 јули 2021 година.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор МИА

You Might Also Like

Мексиканска претседателка не го покани шпанскиот крал на својата инаугурација затоа што не се извинил за колонијалните злосторства

Полска и Франција ќе потпишат пакт

Најсериозното предупредување на Зеленски досега: Ќе бидеме принудени да се повлечеме

Макрон: Одам во Србија за да ги финализирам преговорите за воените договори

ОН: Израел се согласи на паузи во борбите во Газа заради вакцинација против полио

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?