Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Лавров: Русија ќе распореди дополнително оружје како одговор на проширувањето на НАТО

Сподели

Анталија, 2 март 2024 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Анталија изјави дека Русија ќе распореди дополнително оружје во новоформираните воени окрузи во Москва и Ленинград како одговор на влезот на Финска и Шведска во НАТО.

– Веќе донесовме организациски одлуки, формирани се Московски воен округ и Ленинградски воен округ. Таму ќе биде распоредено дополнително оружје кое ќе биде адекватно на предизвиците што може да се појават на територијата на Финска и Шведска, нагласи Лавров на прес-конференција.

Според него, со влезот на Финска и Шведска во НАТО пропаднале децениските добрососедски односи на тие земји со Русија.

- Advertisement -

Лавров, говорејќи за конфликтот во Појасот Газа, истакна дека Израел се уште не ја променил целта целосно да ја „исчисти“ таа палестинска енклава од припадници на Хамас.

Лавров изјави дека Израел пред муслиманскиот празник Рамазан, се подготвува да почне воена операција во градот Рафа, каде се наоѓаат околу две третини од жителите на Појасот Газа, од кои повеќето избегале од борбите во другите делови на енклава.

Лавров посочи дека во случај на израелски напад, голем број Палестинци ќе заминат во Египет, што, како што наведе, во суштина би било „етничко чистење“.

По завршувањето на Дипломатскиот форум во Анталија, Лавров истакна дека идејата на САД и на голем број западни земји „да ја прогласат Палестина за членка на Обединетите нации нема сама по себе да го реши конфликтот на Блискиот Исток“.

Зборувајќи за војната во Украина, Лавров рече дека Русија не ја гледа добрата волја на Западот да постигне мирно решение и додаде дека Москва е посветена на постигнување такво решение.

Лавров нагласи дека Русија не се потпира премногу на помошта на Швајцарија во мировниот процес за Украина, бидејќи таа земја, како што наведе, „одамна ја изгубила својата неутралност“.

Рускиот дипломат потсети на неодамнешната изјава на шефот на Пентагон, Лојд Остин дека, доколку Украина биде поразена, НАТО ќе биде принуден да дејствува против Русија, како и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање европски трупи на украинска територија.

– Овие трендови на Запад, меѓу западното раководство, се разбира, ги поништуваат сите уверувања дека Западот е заинтересиран за некакво политичко решение … Има многу факти дека Западот ја води работата кон воено решение, рече Лавров.

Од: Јасмина Тасевска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагедија во Тузла: Пожар во дом за стари лица однесе десет животи

ЕК најави мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации

Украина во јули двојно го зголемила извозот на житарки и покрај засилените руски напади

Промена на северот: Србите се враќаат во институциите на Косово

Хондурас: Политичка криза поради американска интервенција во изборите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Јамајка прогласи вонредна состојба во јужниот дел на земјата

Балкан

Бугарскиот Парламент забрани „промоција“ на ЛГБТК во училиштата

Трамп: Добра идеја е да се испратат криминалци Американци во затвори во друга земја, доколку имаме законско право

Балкан

Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?