Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

Сподели

Пекинг, 25 јyни 2024 (МИА) – Kомпанијата „Леново“ во Кина ја претстави серијата „Моторола Разр 50“ телефони на преклопување. Се работи за два модел – „Разр 50 ултра“ со 4-инчен надворешен екран и „Снепдрагон 8с ген 3“ процесор, како и „Разр 50“ којшто се напојува со процесорот „Дименсити 7300-X“.

Покрај поголемиот надворешен екран, „50 ултра“ има и потенки рабови во споредба со минатогодишниот модел „Разр 40 ултра“. Новиот телефон на преклоп има и „ПОЛЕД“ панел со резолуција од 1.080 пиксели со 100 отсто опсег на бои и освежување на екранот од 1 до 165 Хз. Уредот има главна камера од 50 МП и телефото камера, исто така од 50 МП со 2x оптички зум, користи оперативен систем „Андроид 14“, а се напојува со батерија од 4.000 мАх.

Цената на „50 ултра“ е 730 евра за конфигурација од 12/256 ГБ, и 800 евра за конфигурација 12/512. Достапен е во повеќе бои.

- Advertisement -

„Моторола Разр 50“ е основниот модел во серијата, којшто има две камери од 32 МП, 50 МП – со оптичка стабилизација на сликата, и додатна задна камера од 13 МП со видно поле од 120 степени.

Телефонот користи батерија со капацитет од 4.200 мАх, којашто поддржува 30 вати жично и 15 вати безжично полнење. Достапен е во три бои. Верзијата со 8/256 ГБ конфигурација чини 475 евра, додека за верзијата со 12 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија ќе треба да се издвојат 515 евра.

Продажбата во Кина веќе почна, а почетокот на продажбата на светскиот пазар се очекува наскоро.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најновиот чип за вештачка интелигенција на Нвидиа ќе чини од 30.000 до 40.000 долари

Пад кај претплатниците на кабелска телевизија, сателитската во пораст

Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти

ЕК започна постапка против ТикТок поради „изборни ризици“

ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Мали организми, голема важност: Коколитофоридите во борба против CO2

Технологија

Технологија: iPhone 17, AI и геополитика влијаат на индустријата

Технологија

Рекорден број на блокирани веб-страници во Турција

Технологија

Зошто сè повеќе луѓе сакаат да исчезнат од социјалните мрежи?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?