Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Технологија

ЕК започна постапка против ТикТок поради „изборни ризици“

18.12.2024 09:26
Сподели

Брисел, 18 декември 2024 (МИА) – Европската комисија отвори формална постапка против ТикТок под сомнеж за непочитување на обврските од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) за проценка и ублажување на системските ризици поврзани со изборниот интегритет, особено во контекст на претседателските избори во Романија одржани на 24 ноември.

Во врска со ваквата одлука претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека ЕУ мора да ги заштити своите демократии од секаков вид странско мешање.

– Секогаш кога се сомневаме во такво мешање, особено за време на избори, мораме да дејствуваме брзо и цврсто. По сериозните индикации дека странски актери се мешале во романските претседателски избори користејќи ТикТок, сега темелно истражуваме дали ТикТок го прекршил Законот за дигитални услуги со тоа што не успеал да се справи со таквите ризици. Треба да биде кристално јасно дека во ЕУ, сите онлајн платформи, вклучително и ТикТок, мора да одговараат, нагласи Фон дер Лајен.

Банер Банер BrandEcho

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за технички суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, Европска Унија има одговорност да ги заштити своите демократски процеси од потенцијални манипулации и мешање.

– Уверена сум дека нашата истрага за практиките на ТикТок ќе придонесе за побезбедна и подоверлива онлајн средина за сите граѓани на ЕУ и со нетрпение очекувам тесна соработка со ТикТок за да се решат сите грижи што може да се појават, додаде Виркунен.

Како што најави ЕК, истрагата ќе се фокусира на справување со ризиците по изборите или граѓанскиот дискурс, поврзани со системот за препораки на ТикТок, со координирана неавтентична манипулација или автоматизирана злоупотреба на услугата, како и во врска за политиките на социјалната за политичко рекламирање и платена политичка содржина.

– Доколку се докаже дека се сомнежите на Комисијата се точни, тоа би претставувало прекршување на членовите 34 став 1 и 2 и член 35 став 1 од ДСА. Комисијата сега ќе спроведе длабинска истрага како приоритетно прашање. Отворањето на формалната постапка не го прејудицира нејзиниот исход, се додава во соопштението на ЕК.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп го продолжи рокот за продажба на ТикТок за уште 75 дена

„Самсунг“ воведува софистицирана „Галакси АИ“ технологија

Новиот технолошки бран: Како вештачката интелигенција го менува светот на работата

Оштетен подводен оптички кабел помеѓу Литванија и Шведска

Телеграм и xAI, на Маск, се здружуваат за дистрибуција на Grok до корисниците на апликацијата за пораки, Платени 300 милиони долари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Маск ја повлече тужбата против „Опен-АИ“, откако објавија негови пишани пораки

Технологија

Кина забрани на ByteDance да користи Nvidia чипови: Како тоа ќе влијае на технологијата?

Технологија

Amazon воведува нова такса за гориво поради конфликтот во Иран

„Хуавеј“ работи на новиот паметен телефон со троен преклоп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?