Леринските села
Поминале, стара мајко, тешки години,
кога си остави села лерински.
Душа плаче, никој нема да ме разбере,
никој нема ниту рака да ми подаде.Овчарани, Песочница, Арменово,
Горничево, Крпешина, Забрдени,
Петорак, Росен, Лаген, Турије,
Блаца, Неред, Кучкојни, Бапчор, Лажени.
кога си остави села лерински.
Душа плаче, никој нема да ме разбере,
никој нема ниту рака да ми подаде.Овчарани, Песочница, Арменово,
Горничево, Крпешина, Забрдени,
Петорак, Росен, Лаген, Турије,
Блаца, Неред, Кучкојни, Бапчор, Лажени.
Далеку од родна земја, од мој роден крај,
мајчин јазик уште сакам да си зборувам.
Како и да ја напишаа историјата,
Господ знае, јас сум чедо на Македонија.
Овчарани, Песочница, Арменово,
Горничево, Крапешино, Забрдени,
Петорица, Росен, Лагино, Турије,
Блаца, Неред, Кучковени, Бапчор, Лажени.