Луис Хамилтон, седмократниот светски шампион во Формула 1 и актуелниот возач на Ферари, ја изненади јавноста со откритието дека веќе нема ниту еден автомобил од својата славна приватна колекција. Како што пренесува Јутарни.hr, пред трката во Азербејџан во Баку, 40-годишниот Британец откри дека одлучил да затвори едно поглавје од својот живот и да се посвети на новата страст – уметноста.
На прашањето дали би купил нов Ферари F80, Хамилтон кратко одговори: “Немам повеќе ниеден автомобил. Решив да се ослободам од сите. Повеќе ме интересира уметност.” Сепак, тој призна дека Ферари F40 и понатаму му е посебен автомобил: “Ако некогаш повторно земам некој автомобил, тоа би бил F40. Тоа е за мене уметничко дело.” Симболично, Хамилтон на почетокот на годината се сликаше покрај F40 во МарANELО, а веќе тогаш зборуваше за идејата да дизајнира свој Ферари, модел кој би го нарекол F44.
Неговата досегашна колекција беше меѓу најимпресивните во светот на славните личности, а ја чуваше во Монако и Лос Анџелес. Во неа се наоѓаа реткости како што се Pagani Zonda 760 LH, McLaren F1 од 1995 година, LaFerrari Aperta, Shelby Cobra од 1966 година, како и Mercedes-AMG Project One. Вкупно 15 автомобили беа проценети на околу 15 милиони евра.