Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

МАЕИ бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Сподели

Дебар, 17 септември 2024 (МИА) – Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати остра реакција до албанската влада, која, како што се наведува, со своето неделување дозволува фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија непречено да ја шири својата пропаганда во регионите во Албанија каде што живеат Македонците.

Според партијата, последниот пример за ова е „донацијата, во која беше и модуларната амбуланта за селото Глобочени, Општина Пустец“.

– Ние не сме против донации кои го подобруваат животот на македонската заедница, но, гневни сме затоа што оваа фондација ги користи овие активности за да ги манипулира историските факти и да ги претстави Македонците како Бугари, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

- Advertisement -

Албанската влада, додава тој, има обврска да инвестира во регионите каде што живеат Македонците во Албанија и да ги „заштити нашите права и идентитет од бугарската агресија”.

– Секое премолчување на оваа ситуација е дозвола за продолжување на бугарската пропаганда, која е неприфатлива и штетна за македонската заедница. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција уште еднаш ги повикува институциите во Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и културно наследство, бара МАЕИ.

Недозволиво е, се нагласува, македонската заедница да биде изложена на манипулации и притисоци од фондации со скриени политички мотиви.

– Сите донации што се наменети за подобрување на животот на Македонците се добредојдени, но никогаш нема да прифатиме тие да бидат користени за промовирање на лажни наративи. Време е албанската влада да го зајакне своето присуство и инвестиции во регионите населени со Македонци, како јасен сигнал дека Македонците во Албанија се дел од државата и дека нивните права и идентитет ќе бидат заштитени, нагласуваат од партијата.

Македонска алијанса за европска интеграција апелира до меѓународната заедница да внимава на овие опасни тенденции и да изврши притисок врз албанската влада за да го спречи „влијанието на бугарската пропаганда што има за цел да го наруши идентитетот на Македонците во Албанија“.

Реакцијата следува откако во неделата првите луѓе на споменатата фондација, во присуство на бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, за општина Пустец донираа комплетно опремена модуларна амбуланта, клупи за седење за селата, копир и принтер апарати за општинската администрација.

Претходно остро реагираше и Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа” оценувајќи го овој чин „продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците”.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

СМК: Апел за масовен семакедонски протест пред Европскиот парламент

СКАНДАЛОЗНО: Забранет настап на македонска музичка група во Грција

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

100 години од крвавиот пир врз Македонците во Бугарија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Во Тирана, од 23 до 30 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“

Дијаспора и МНМ

Втора македонска вечер во Москва

Дијаспора и МНМ

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и друштвото Преспа потпишаа проглас за обединување на Македонците во Албанија

Дијаспора и МНМ

Реакција на „Друштво Преспа”: Продолжува бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?