Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

Реакција на „Друштво Преспа”: Продолжува бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија

14.09.2024 19:51
Сподели

Дебар, 14 септември (МИА) – Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа” упати остро реакција во врска со денешната бугарска донација за општина Пустец, оценувајќи ја како „продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија”.

-Упатуваме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде денеска во село Глобочани свечено отвораше модуларна амбуланта, донација од Бугарија. Ова не е ништо друго туку продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија, стои во реакцијата.

Дознаваме, се додава, дека освен претставници на општина Пустец предводени од градоначалникот Пали Колефски и заменик градоначалникот Јани Никола, присуствувала и бугарска делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во Тирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на Фондацијата „Блгарски Памет”.

Банер Банер BrandEcho

– Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесе за подобрување на благосостојбата на жителите, се посочува во реакцијата на „Друштво Преспа”.

Денеска фондацијата ” Бугарска меморија” во присуство на амбасадорот Киров ја предаде донацијата во селото Глобочани, каде ќе биде лоцирана целосно опремена модуларна болница. Донирани се и клупи кои ќе бидат поставени во центрите на селата, како и апарати за копирање и принтери за потребите на општинската администрација.

– Да денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, изјави претходно за МИА, градоначалникот Колефски.

Ова инаку е последователна донација од споменатата бугарска фондација.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

Во сеќавање на Стојан Георгиев Томовичин – неуморниот борец за Македонија

Македонската заедница во Србија го најави одбележувањето на „Гоцеви денови 2026“

Македонската заедница во Швајцарија со историски чекор: пет кандидати на локалните избори во Ешалан

22-та Македонска вечер во Белград – традицијата продолжува со исполнета сала, македонски песни и заедништво

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Четворица Македонци избрани за советници во Австралија

Дијаспора и МНМ

Во Австралија ќе се гради Македонска православна црква

Дијаспора и МНМ

(ВИДЕО) Градоначалникот на Лерин го забрани пеењето на македонски песни

Дијаспора и МНМ

СМК: Претседателот е должен седниците на Собранието да ги води на Македонски јазик

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?