Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Македонците се одлични домаќини, Охрид моја следна туристичка дестинација – Преубавата српска водителка блеска и во поодмината бременост (Фото)

Сподели

Отмена, елегантна, амбициозна, една од најпознатите ТВ лица а рака на срце и најубави српски водителки, Бојана Јекниќ (Вукелиќ), ужива во последните денови од бременоста. Таа веќе втора година е во брак со физиотерапевтот Предраг Јекниќ со кого и ја очекува својата прва принова. Позната е по своите бројни емисии и проекти кои се емитуваат на српските канали како што се играта на среќа “Бинго”, квизот на знаења “Насловна страна”, авантуристичката емисија “Шворц”, како и “Стројник”, емисија со која доби бројни симпатии кај македонската публика. Ја запрашавме за тоа каков стројник била, дали често ја посетува Македонија, што е тоа што ја прави среќна…

1. Македонската публика најмногу ве препознава по забавната емисија “Стројник”. Каков стројник е Бојана?

- Advertisement -

Б.Ј. Сметам дека сум одличен стројник, затоа што и јас самата себе си го пронајдов совршениот животен партнер (се смее). Шега на страна, емисијата “Стројник” е од забавен карактер и најважно е дека сите добро се забавуваме во текот на снимањето и работата. Доколку при тоа се случи и некоја љубов, тоа навистина би била голема среќа.

Меѓутоа, иако често не следат, луѓето се срамат да се пријавуваат за учество во емисијата. Затоа имаме дел во емисијата каде кандидатите ги оставаат своите телефонски броеви, па така сите заинтересирани можат да ги контактираат позади камерата. Често ни се јавуваат да ни кажат како на тој начин ја пронашле својата  вистинска љубов. Така што, статистиката е позитивна, можеби не пред камерата, но позади камерата, да. Емисијата дефинитивно си ја врши својата работа, па така и јас еве би можела да кажам дека сум успешен стројник со убави резултати.

2. Колку често патувате за Македонија, што ви се допаѓа најмногу и која е Вашата омилена храна од македонската кујна?

Б.Ј. За жал, само еднаш сум била во Македонија, но затоа со нетрпение чекам да дојдам пак. Поминав две недели на работна задача снимајќи ја емисијата “Стројник”. Иако сме работеле цело време, сепак тоа ми овозможи да прошетам низ повеќе градови и да запознаам повеќе луѓе.

Охрид посебно би го издвоила – возењето со чамец, погледот кон Св. Јован, како и стариот дел на градот,  оставија на мене длабок впечаток. Исто така и центарот на Скопје со сите тие величенствени споменици, навистина е фантастичен.

Што се однесува до храната, јас сум голем гурман и морам да кажам дека сум уживала во секое парче. Македонците се одлично домаќини, а нивната храна е вистински деликатес. Омилена храна? Претешко прашање ! Се што сум пробала е било фантастично !

3. “Шворц” е патописна емисија на која работевте…За каков проект се работи, дали е возможно да се патува без парични средства?

Б.Ј. “Шворц” е мојот првенец. Тоа беше првиот проект кој го снимав и засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Тоа е реална емисија каде се е прикажано така како што навистина се случува – без сценарија, монтирани кадри или досредување. На некој начин тоа беше животен проект за мене и мојот колега Милош, бидејќи не однесе на вистинскиот пат кон професијата по кој и денес чекориме.

Дали е возможно да се патува без парични средства? Апсолутни ! За среќа постои “Шворц” за оние кои не веруваат. Се што ви треба е само волја. Доколку имате волја, можете да имате и незаборавно патување без пари но со многу човечки предизвици и преубави спомени.

4. Кога сме кај патувањата, дали Бојана сака да патува и која е нејзината омилена дестинација?

Б.Ј. Обожавам да патувам ! Тоа ми е задоволство и секогаш барам да најдам урамнотежување меѓу работата и слободното време за да отпатувам негде со драги луѓе. Сега сум пред нов предизвик – улогата на мајчинството која ме чека за многу брзо време. Сигурна сум дека своето дете уште од мали нозе ќе го инспирирам да покаже љубов кон патувањето.

Омилена дестинација? Малдивите ми се во срце, но заради бебето следната дестинација веројатно ќе биде негде многу близу, да речеме некој продолжен викенд во Охрид. Тоа ми звучи како одличен план !

5. За крај, што е тоа што може да ја  направи Бојана среќна?

Б.Ј. Пред се, добро здравје, мир во душата, хармонија во семејството и баланс во се останато. И признавам, по некоја нова чанта (се смее).

Н. Заовска

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Ванковска: Омилен спортист сепак ми е Новак Ѓоковиќ

Ни се запалиле крпи, се истурило масло, снемало струја – Водителката на “Брза кујна” искрена во интервју за Македонија Денес

СПЕЦИЈАЛНО интервју со отецот на МПЦ во Чикаго, отец Константин – дознајте како се празнува Божиќ и со кои предизвици се соочуваат верниците во дијаспората

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Митовски: Ќе продолжиме со истото темпо – конкретни проекти, видливи резултати и силна посветеност

Интервју

Катерина Цаневска Арсовска: Скопје мора да биде град на ред, солидарност и развој

Интервју

Интервју со светскиот, а наш Драган Гелев – прогласен за уметник на месецот во Швајцарија

Интервју

Ванковска: Трамп не е успех на американската демократија, туку морбиден симптом на нејзиниот колапс

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?