Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

Македонците во Норвешка ја одбележаа Света Петка и втората годишнина на својата црковна општина во Осло

ФОТО: СМК
Сподели

Македонската православна црковна општина „Преподобна Параскева – Петка“ од Осло со голема духовна радост ја одбележа својата втора годишнина и го прослави патрониот празник – Света Петка. Настанот обедини бројни верници, пријатели и претставници на македонската заедница во Норвешка.

Свечената литургија ја отслужи Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, Митрополит Европски, во сослужение со о. Жарко Ѓоргиески, кој во својата беседа потсети на значењето на верата, жртвата и заедништвото во животот на македонските православни христијани во дијаспората.

„Молитвата е мост што не поврзува – и со Бога, и едни со други, без оглед каде живееме,“ истакна Владиката Пимен, благословувајќи ја заедницата за понатамошен духовен напредок.

- Advertisement -

Посебна чест за присутните беше присуството на Бискупката Сунива од Ословската митрополија, која упати срдачен поздрав и ја истакна важноста на меѓусебното почитување и духовната соработка меѓу црковните заедници во Норвешка.

На литургијата присуствуваше и Оливера Трајковска, директорка на Управата за односи со верските заедници на Република Македонија, која ја поздрави заедницата и пренесе честитки од македонските институции.

Празничниот настан беше збогатен со настап на децата од Македонското училиште во Осло, кои со песни и рецитации на македонски јазик внесеа радост, насмевки и чувство на гордост кај присутните.

Прославата заврши со „трпеза на љубовта“, на која верниците споделија македонски јадења, песни и разговори во семејна атмосфера исполнета со благодарност и духовна сила.

Со оваа свеченост, македонската заедница во Норвешка уште еднаш покажа дека верата, културата и традицијата се темелот на нејзиното постоење и иднина, дури и илјадници километри далеку од татковината.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

МД „Илинден“- Тирана го актуелизира барањето за формирање посебни општини Голо Брдо и Гора

СМК: Македонија не смее да разговара за идентитетските прашања со Бугарија

Богослужба за прочка во Копенхаген

Историски успех за македонскиот ансамбл „Илинден“ од Канада – прво место на меѓународен фестивал во Шпанија

Во сеќавање на Стојан Георгиев Томовичин – неуморниот борец за Македонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Македонската заедница во Данска со донација за Кочани

Дијаспора и МНМ

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

Дијаспора и МНМ

Нов удар за Македонците во Албанија – одбиени сите проекти од интерес на Македонците

Дијаспора и МНМ

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?