Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Макрон: Европа мора да биде подготвена за војна ако сака мир

Сподели

Париз, 15 март 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа мора да се подготви за војна доколку сака мир, нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин противник кој нема да застане во Украина доколку Русија излезе како победник во нејзината двегодишна војна со Киев.

Макрон предизвика контроверзии минатиот месец, откако рече дека не може да ја исклучи можноста за испраќање војници во Украина во иднина, што поттикна многу лидери да се дистанцираат, додека други, особено во источна Европа, ја изразија својата поддршка.

„Ако Русија победи во оваа војна, кредибилитетот на Европа ќе падне на нула“, рече Макрон во телевизиско интервју наменето главно за домашната публика, откако француските опозициски лидери ги критикуваа неговите коментари како воинствени.

- Advertisement -

„Ако војната се прошири во Европа, Русија ќе биде виновнико. Но, ако одлучиме да бидеме слаби, ако одлучиме денес да не одговориме, тоа е како веќе да избираме пораз. А, јас не го сакам тоа, додаде тој.

Макрон рече дека Франција никогаш нема да иницира напад врз Русија и дека Париз не е во војна со Москва и покрај фактот што Русија започна агресивни напади против француските интереси во и надвор од Франција.

„Режимот на Кремљ е противнички“, рече тој, одбивајќи да ја нарече Русија непријател. Тој исто така рече дека нуклеарните закани на Путин „не се соодветни“.

Макрон рече дека Украина е во „тешка“ ситуација на теренот и дека е потребна посилна поддршка од сојузниците.

„Мирот не значи капитулација на Украина. Да се ​​сака мир не значи пораз. Да се ​​сака мир не значи да се откажеме од Украина“, рече тој.

Макрон, исто така, рече дека не ја откажал планираната посета на Украина од безбедносни причини. „Тоа го кажа Русија. Не треба да им верувате“, додаде тој.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мексиканска претседателка не го покани шпанскиот крал на својата инаугурација затоа што не се извинил за колонијалните злосторства

Вучиќ: Ситуацијата во Венецуела открива нови геополитички реалности

Путин им посака оздравување на повредените во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва

Најмалку седуммина загинати во експлозија на автомобил на пазар во Сирија

Тајван длабоко жали за „провокативните забелешки“ на кинескиот министер за одбрана во Сингапур

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Нетанјаху: Наскоро план за евакуација на Палестинците од градот Рафа

Свет

Израелскиот екстремнодесничарски министер за финансии го отфрли примирјето во Либан и повика на „уништување“ на Хезболах

Свет

Ирска во НАТО: Нови предизвици за европската безбедност?

Балкан

Вучиќ: Време е за акција, доста е од блокадите во Србија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?