Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“.
Според информациите, на 8 октомври 2025 година, во соблекувална во едно основно училиште во Свети Николе, пријавениот малолетник во присуство на повеќе ученици физички нападнал друг малолетник.
При нападот тој употребил пластичен предмет, со кој го удрил оштетениот ученик.
Надлежните институции работат на целосно расчистување и документирање на случајот.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


