Тешка сообраќајна несреќа во Чаир

Денеска вечер, во населбата Чаир во Скопје, се случи сериозна сообраќајна несреќа во која учествуваше мотор, потврдуваат сведоци на настанот. На местото на несреќата веднаш пристигнаа бројни полициски возила и припадници на полицијата, кои го обезбедуваат теренот и спроведуваат увид.

Во моментов, нема официјални информации за повредени лица или жртви во оваа несреќа. Полицијата работи на утврдување на причините и околностите кои доведоа до инцидентот, а деталите ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава