Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Анализа

Малта со најскапо, а Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ

28.01.2025 19:15
Сподели

Брисел, 28 јануари 2025 (МИА) – Просечната цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2023 година изнесувала 11.791 евра, додека годишната наемнина за изнајмување на ниви или пасишта била 173 евра за хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Меѓу 22-те земји на ЕУ за кои има достапни податоци, обработливо земјиште била најскапо на Малта и изнесувало 283.039 евра по хектар, што се припишува на ограничените површини со ниви и пасишта во земјата.

По Малта, следи Холандија, каде просечна цена за хектар обработливо земјиште изнесувала 91.154 евра, а на трета позиција е Луксембург со 42.540 евра за хектар.

Банер Банер BrandEcho

Од друга страна, најниски просечни цени на обработливото земјиште се регистрирани во Хрватска во висина од 4.491 евра за хектар, пред Летонија со 4.591 евро и Словачка со 5.189 евра за хектар.

Гледано по региони, по Малта, која се третира како еден регион, обработливото земјиште било најскапо во реонот на австрискиот главен град Виена со просечна цена од 189.000 евра за хектар, по што следат холандската провинција Флеволанд со 178.093 евра и шпанските Канарски Острови со 148 247 евра за хектар.

Ad image

Обработливото земјиште било најевтино во шведските региони Горен Норланд и Централен Норланд со цени од 1.951, односни 2.378 евра за хектар, по што следи францускиот Франш-Конт со 2.580 евра за хектар земјоделска површина.

Кога станува за наемнините за обработливо земјиште во 21 земја членка на ЕУ за кои има достапни податоци, тие се највисоки во Холандија и изнесуваат 914 евра за хектар, а најниски во Словачка од 67 евра за хектар.

По европски региони, наемнините за земјоделски површини се највисоки во Флеволанд и изнесуваат 1.787 евра за хектар, пред Канарските Острови со 1.164 евра и холандската провинција Северен Брабант со 1.111 евра за хектар.

Како и цените, така и наемнините за обработливото земјиште се најниски во Горен Норланд и Централен Норланд во износ од по 24 евра за хектар, пред словачките региони Централна Словачка и Источна Словачка со по 43 евра за хектар.

Од Сашко Панајотов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кој ќе биде победник од американските царини?

Со какви ресурси располага Венецуела?

Анализа на Би-Би-Си за маневарскиот простор на Зеленски по замрзнувањето на американската воена помош

Грчката економија закрепнува, но покачувањата на цените и понатаму се еден од најголемите проблеми за Грците

Дали Третата светска војна заврши или допрва почнува?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Може ли Македонија да привлече кинески производител на автомобили?

Анализа

Има ли ЕУ легитимитет? И дали е време за други стратешки партнери?

Анализа

БРИКС или ЕУ – каде припаѓа Македонија?

Светот во 2024/Падот на Асад и новите патишта за Сирија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?