На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја изрази својата загриженост за надворешно-политичкиот курс на актуелната Влада. Тој го истакна неодамнешното гласање во Генералното собрание на ОН, каде што Македонија гласаше против резолуцијата за прекин на огнот во Газа, што е во спротивност со очекувањата на јавноста и со политичките трендови во Европа.
„Ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба“, рече Мециновиќ, додавајќи дека ваквото однесување претставува драстичен одбив од традицијата на македонската дипломатија. Според него, оваа одлука е знак за сериозен дисконтинуитет во надворешната политика на земјата.
Пратеникот не се осврна само на Куба, туку и на односите со Кина, истакнувајќи дека Албанија вовела безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија, додека Македонија не успева да го направи истото. „Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија“, заклучи Мециновиќ, нагласувајќи ја потребата за промена во надворешната политика на Македонија.

