Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Јаневска: Бирото за развој на образованието не ги одобри учебниците за странски јазици заради нивниот неквалитет

09.08.2024 19:50
Сподели

Скопје, 9 август 2024 (МИА) – Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека оваа година учебници по сите предмети ќе има вклучувајќи ги Историја за петто, шесто и седмо одделение и Географија за седмо одделение, што повеќе години недостасуваа. Како што рече, нема да има учебници за странски јазици кои заради нивниот неквалитет не се одобрени од Бирото за развој на образованието. Таа најави дека следната година ќе има учебници за сите ученици.

-Нема учебници за странски јазици, англиски, германски, француски, италијански јазик. Длабоко се извинувам на јавноста за мојата лошо срочена изјава вчера кога бевме на увид на реконструкција на спортска сала во Гази Баба, при што не дообјаснив така како што треба. Потенцирам дека најголем број од учебниците за јазик и култура на заедниците, Бирото не ги одобрил заради неквалитет на понудените учебници. На пример, во понудените учебници се повторува материјал што децата го учат во својот сопствен мајчин јазик, на пример дефиниција за именка, заменка, предлог, она што го учат во мајчиниот јазик. Кога се изучуваат јазиците на заедниците, треба да се фокусираме на комуникативниот јазик, рече Јаневска.

Поентата е, како што појасни, дека треба да имаме квалитетни учебници. Напомена оти се надева дека Бирото за развој на образование за следната година веќе ќе одобри квалитетни учебници.

Банер Банер BrandEcho

Јаневска посочи дека на веб-страницата на Бирото за развој на образование ќе бидат објавени одобрените учебници за јазик и култура на заедниците и неколку материјали за учење кои учениците ќе можат во овој можат во овој период да го изготват.

-Поентата е дека седум години наназад нашите ученици немаа учебници ниту по странски јазици, ниту учебниците за јазик и култура на заедниците. Идната година ќе ги имаат сите тие учебници, а оваа година на веб-страницата на Бирото за развој на образование ќе бидат објавени одобрените учебници за јазик и култура на заедниците и неколку материјали за учење кои они ќе можат во овој можат во овој период да го изготват. За квалиетен учебник треба време, додаде министерката.

Таа напомена дека следната 2025/26 година секој ученик ќе има свој учебник.

-Дополнително, првпат печатиме учебници за средно стручно образование цела прва година и одобрените учебници за втора година средно стручно образование. Како ќе се одобруваат следните учебници за втора, за трета, за четврта година, ние постојано ќе ги печатиме за децата да имаат од што да учат, додаде Јаневска.

Од Бисера Трајковска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Уапсена жена барана по потерница – спроведена во затвор

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел

Гевгелија го дочекува Скопското студио „Еурека“ со Инклузивната танцова претстава „Пат околу светот за 80 минути“ на 27 септември

Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Жена со секира го нападна невенчаниот сопруг!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Бугарин откриен на Делчево со документи на Турчин што нелегално ја минал границата

Локално

Прилеп се зелени: 6.000 дабови садници засадени во Маркови Кули

Хроника

Филмски грабеж на автопатот: Петмина вооружени напаѓачи ограбиле возач кај Миладиновци

Локално

Нови контејнери и канти за електронски и електричен отпад

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?