Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Стил и Љубов

Меѓусебното разбирање како клуч за успешна врска

23.09.2024 11:20
Сподели

Олбени, 23 септември 2024 (МИА) – Љубовта е основата на секоја врска, но има уште еден многу важен услов за здрава и среќна врска, вели психологот Џефри Бернстин од Универзитетот на Олбени во американската сојузна држава Њујорк за „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today).

– Разбирањето на Вашиот партнер е она што e навистина важно во врската. Сфаќањето на емоциите, желбите и фрустрациите на Вашиот партнер е исто толку важно, ако не и поважно од самата љубов. Во случаи на развод, честопати ги слушам паровите како велат: „Сè уште се сакаме, но се оддалечивме“… Таа изјава ја нагласува клучната точка: Љубовта без разбирање често не е доволна за да се одржи врската. Во мојата книга „Зошто не можеш да ми ги читаш мислите?“ (Why Can’t You Read My Mind?), истражувам како емпатијата, т.е. способноста да се разберат емоциите на партнерот, делува како емоционално сврзно средство коешто ги одржува врските, објасни Бернстин.

Тој појаснува дека почитта, сочувството и меѓусебното разбирање овозможуваат искрена поврзаност меѓу партнерите. Кога ги разбираме мислите и чувствата на партнерот или партнерката, ги потврдуваме неговите/нејзините искуства и создаваме безбедна средина којашто поттикнува поголема блискост и подлабока комуникација меѓу двајцата.

Банер Банер BrandEcho

– Тоа истражување ја потврдува моќта на разбирањето во врските. Паровите кои практикуваат активно слушање и емпатична комуникација пројавуваат поголемо задоволство од врската. Емпатијата и разбирањето се најсилните показатели за долгорочен успех во врските, нагласувајќи дека разбирањето е основата на трајната љубов, посочува психологот.

Стручњакот сподели неколку совети за подобро разбирање на другиот во врската. Тоа се: Вежбајте активно слушање; разговарајте со сочувство; бидете трпеливи, но упорни; ставете се во неговото/ нејзиното место и положба; поставувајте отворени прашања.

Ad image

Според Бернстин, меѓусебното разбирање е клучен елемент на успешната врска, бидејќи емпатијата и комуникацијата создаваат подлабока емотивна врска којашто им овозможува на партнерите да го зајакнат својот однос дури и во најтешките мигови.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Три тајни што стилските експерти не сакаат да ви ги откријат за совршен љубовен изглед!

Совети за здрава и трајна врска

„Акор“ и „Луј Витон“ го преземаат брендот „Ориент-експрес“

Совети за врски каде има барем еден нарцис

Три тајни од успешните врски што ќе ви го променат разбирањето за љубовта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Стил и Љубов

Губењето на моралот: Како изневерувањето, лажењето и манипулацијата го разурнуваат општеството

Стил и Љубов

Најлесната чанта од тврд материјал досега

Стил и Љубов

Откријте ја тајната на неверојатната привлечност: Како стилот ја менува вашата љубовна приказна

Стил и Љубов

Младите во Кина сѐ повеќе се свртуваат кон „имитации“ и поевтини брендови

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?