Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното

09.04.2024 05:54
Сподели

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Министерството за финансии соопшти дека во првиот квартал од годинава се реализирани приходи во износ од 69,4 милијарди денари што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со тој период лани и 22,4 проценти од планираното со Буџетот за годинава.

Расходите се реализирани на ниво од 83,9 милијарди денари  што е 24,4 проценти од планираното и за 20,1 проценти повеќе од лани. Дефицитот реализиран во првиот квартал од оваа година изнесува 14,5 милијарди денари.

– Притоа во првиот квартал се извршени исплати во износ од 1,650 милијарди денари за реализација на антикризните мерки од 9-от пакет, 24,9 проценти повеќе средства се реализирани за исплата на плати и надоместоци, 16,9 проценти повеќе средства за социјални трансфери, 21,1 проценти повеќе за пензии, 28 проценти за активни мерки за вработување, 16,2 проценти за здравствена заштита, 11,9 проценти повеќе средства за блок и наменски дотации кон општините и камати кон домашни и странски кредитори за 100 проценти повеќе во споредба со првиот квартал од 2023 година, се наведува во соопштението.

Банер Банер BrandEcho

Вториот квартал од годинава, како што информира ресорното Министерство, стартува со вкупни приходи во износ од 71 милијарди денари што е за 5,6 проценти повеќе во однос на истиот период лани. На 2 април вкупните приходи биле на ниво од 72,1 милијарда денари или за 6,4 проценти повеќе во споредба со лани, на 3 април – 73,6 милијарди денари и на 4 април – 73,4 милијарди денари.

Во овој период се остварени расходи во износ од 93,9 милијарди денари на 1 април, 94,6 милијарди денари на 2 април, 95,6 милијарди денари на 3 април и на 4 април 97,6 милијарди денари. Дефицитот на 1 април изнесувал 22,9 милијарди денари, на 2 април – 22,5 милијарди денари, на 3 април – 21,9 милијарди и на 4 април –  24,2 милијарди денари.

Ad image

– Податоците кои ги евидентира Министерството за финансии преку Трезорот покажуваат дека на почетокот на месецот активностите се однесуваат на расходната страна, затоа што во првите денови од месецот се одвиваат исплатите како што се плати, пензии и други трансфери, додека активностите, односно приливите на приходната страна се регистрираат во текот на втората половина од месецот, односно на 15-ти во месецот се евидентираат приходите од акцизи, додека после 25-ти во месецот приходите од ДДВ. Заради тоа во почетокот на месецот се јавува повисок дефицит, а потоа со евидентирање на приливите на приходната страна состојбата се стабилизира, појаснуваат од Министерството за финансии.

Остварувањата на приходите по основ на даноци и придонеси заклучно со 31 март изнесуваат 63,7 милијарди денари или за 12,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Даночните приходи во овој период бележат пораст од 11 проценти во однос на реализацијата во истиот период претходната година. Приходите од данокот на личен доход се остварени во износ од 7,15 милијарди денари или се повисоки за 20,9 проценти, данокот на добивка е во износ од 5,6 милијарди денари или повисок за 23 проценти, ДДВ е во износ од 17,1 милијарда денари или за 3,8 проценти повисок, акцизите во износ од 6,3 милијарди денари или за 7,8 проценти повисоки и увозните давачки во износ од 2,9 милијарди денари или за 17,6 проценти повисоки во споредба со првиот квартал од 2023 година.

– Буџетот е ликвиден и редовно се сервисираат сите обврските. Приходите се собираат во согласност со планот (25 проценти од приходите во секој квартал). Финасирањето на дефицитот е обезбедено и се одвива согласно планираното со усвоениот Буџетот за 2024 година во Собранието, велат од Министерството.

Од Билјана Анастасова-Костиќ Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најмногу слободни работни места во услужните дејности и продажбата

Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра во јануари оваа година

Светската побарувачка за нафта под притисок: Што значи новата прогноза на IEA?

SoftBank собира 3,2 милијарди долари преку нови обврзници

Откриено големо наоѓалиште на гас и нафта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

BlackRock пробива нови рекорди: Имотите достигнаа 13.460 милијарди долари!

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Бизнис и Економија

БДП со раст од 3,8 проценти во третото тримесечје – градежништвото со најсилен скок

Бизнис и Економија

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?