Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

„Роснефт“ го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали во Русија

23.05.2025 00:45
Сподели

Москва, 21 мај 2025 (МИА) – Водечкиот руски производител на нафта „Роснефт“ го купи „Томтор“, најголемото наоѓалиште на ретки метали во земјата, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата година повика да се забрза развојот на наоѓалиштето.

„Томтор“ се наоѓа во северниот сибирски регион Јакутија и е клучен дел од плановите на Русија за зголемување на производството на високотехнолошки метали што се користат во оружје, мобилни телефони и електрични автомобили за да се намали зависноста на земјата од увоз од Кина.

Според податоците од официјалниот државен регистар на руски компании, „Роснефт“ од вчера ја презеде целосната контрола врз управителот на ова наоѓалиште, компанијата „Восток инженеринг“.

Банер Банер BrandEcho

Шефот на „Роснефт“, Игор Сечин, е долгогодишен сојузник на Путин. Роснефт не одговори веднаш на барањето за коментар на трансакцијата, упатено до лондонски Ројтерс .

Во ноември минатата година, Путин го обвини раководителот на проектот „Томтор“ за одложување на развојот на локацијата, сугерирајќи дека компанијата мора да собере инвестиции или да побара помош од трети страни, вклучително и од државата.

Пред војната во Украина, Русија планираше да инвестира 1,5 милијарди долари во ретки метали во обид да го заземе второто место на ранг-листата на најголемите светски производители до 2030 година, веднаш зад водечката Кина. Други земји, вклучувајќи ги и САД, исто така, се обидуваат да ја намалат својата зависност од Кина, која контролира 95 проценти од глобалното производство и снабдување со ретки метали.

Русија е на петто место на светската ранг-листа по големина на наоѓалишта на ретки метали, според податоците на американската државна геолошка агенција USGS, а само Кина, Бразил, Индија и Австралија имаат поголеми наоѓалишта.

Според проценките на USGS, руските резерви изнесуваат 3,8 милиони тони, а според стратегијата за развој на секторот, Русија планира да стане еден од петте најголеми производители на ретки метали до 2030 година и да зафаќа околу 12 проценти од глобалниот пазар.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Крај на ерата на Costa Coffee?

Кина инвестира 80 милијарди долари во чиста технологија: Како тоа ќе влијае на глобалната економија?

Годишна конференција на Македонска берза

Volkswagen на удар од американските тарифи: Загуби од 5 милијарди евра на хоризонтот

Повторно раст на цената на златото

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Финансиски резултати на Макпрогрес Винчини – компанија која во континуитет бележи профит

Бизнис и Економија

Компаниите алармираат: бирократијата и даноците ја гушат германската економија

АвтомобилизамБизнис и Економија

Продажбата на електрични возила расте глобално

Бизнис и Економија

BlackRock достигна нови височини: Имота од 14 трилиони долари!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?