Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Мицкоски: Филипче е продолжение на Заевовите политики, а зголемувањето на пензиите не им значи ништо

Сподели

На денешниот митинг во Ново Село, во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази уверување дека граѓаните масовно ќе ја поддржат неговата партија и коалицијата, гласајќи за бројот 9. Тој истакна дека политичкиот противник започнал со негативна кампања, без да понуди конкретни проекти или визии за иднината. „Нашиот противник не понуди ниту еден проект, ниту стратегија. Тој сам вели дека ова раководство на СДСМ е континуитет на оној што 7 години ја пустошеше Македонија. Дали постои поголема инспирација за граѓаните да излезат на 19 октомври и да гласаат против тие политики?“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски продолжи со критики кон министерот Венко Филипче, кој, според него, е продолжение на Заевовите политики кои го осиромашија народот. „Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден. Филипче без срам вели дека е континуитет на политиките на својот гуру Заев. Дали да зборуваме за пензиите кои се покачуваа за максимум 500 денари за 7 години? Сега, со покачувањето од ВМРО-ДПМНЕ, 350 илјади пензионери добија линеарно покачување од 6000 денари, а до април, вкупното покачување ќе биде 7000 денари за секој од нив. За нас, тоа значи многу и го олеснува животот,“ истакна Мицкоски.

Тој додаде дека за Филипче и Заев, зголемувањето на пензиите не значи ништо, бидејќи нивните јахти и хациенди вредат милиони. „За нив, 14 илјади денари не значат ништо, затоа што нивните имоти на Халкидики и во Дубаи вредат милиони. Тие се потсмеваат со маката на македонскиот народ,“ рече Мицкоски.

- Advertisement -

Мицкоски ги потенцираше и предавствата на СДС, споменувајќи ги националните интереси и распродажбата на Македонија. „Да се потсетиме на капитулантскиот договор со нашиот источен сосед и на францускиот предлог, кој ние го нарекуваме бугарски диктат. 15 пресуди од Стразбур стојат во некоја фиока и немаат абер за имплементација. Овие луѓе, мислејќи дека ќе останат на власт, влегоа во аранжмани без да водат сметка за македонците од другата страна на границата. На 19 октомври, важно е да заокружиме 9 за да победи Македонија.“

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во 2024 година регистрирани 757 бесправно изградени објекти – најмногу се за домување

Субвенции за полагање на возачка дозвола – Општина Карпош го објави повикот

Започна редовната есенска дератизација во Општина Карпош

Ивица Коневски: Апел до локалната самоуправа за помош во доизградбата на црквата во Аеродром

Активни два пожара во Македонски Брод и Студеничани, седум под контрола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Спасувачка акција во Лазарополе – МВР евакуираше двајца вработени во А1

Македонија

Сиљановска-Давкова: Време е жените да водат во глобалните напори за мир

Јаневска: Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете

Локално

Конституиран новиот состав на Советот на Општина Делчево. Николчо Стојменовски нов претседател на Советот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?